Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во првата третина на XIX век. Се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.
Прашањето за смислата на животот во учењето на новозаветното откровение (1)
Христијанството му говори на човекот дека тој не постои заради смртта и за да биде сенка во таинствените пребивалишта на митолошкиот Ад, туку постои за вечен разумен живот на небото, во Божјото царство на светлината и на вистината. Следствено, христијанството му ветува на човекот не проста бесмртност на неговиот дух, туку целосна возобнова на сето негово битие