Митрополит Струмички Наум - Цело и дел (04.02.2017)
Истата тактика демонот ја користи во која било област од нашиот живот, посебно откако претходно ја одделил истата од целото – Црквата како Тело Христово: економската, здравствената, спортската, општествено-политичката, образовната, културната, научната итн. На пример, од целината на која било област го издвојува само делот профит и преку него нѐ принудува сите да ја живееме целата област.