Архимандрит Софрониј (Сахаров): За покајанието и духовната борба
Сиот наш земен живот, од раѓањето до последното воздивнување, во својата конечна форма ни изгледа како еден единствен, краток акт. Неговата содржина и квалитет може да се види во еден миг. Претставете си сад од идеално чисто стакло, исполнет со вода. Еден поглед е доволен за да можете да кажете дали водата е чиста или не е, и во која мерка. Така ќе биде со нас при преминувањето во другиот свет.