логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 rsz_1chrismoncoll

 

ОСНОВИ НА ПРАВОСЛАВНОТО ХРИСТИЈАНСКО УЧЕЊЕ
во неколку минути

             Света Троица

    Има само Еден Бог, Кој ги создал сите нешта од ништо (ex nihilo).
    Бог е несоздаден и постои пред сите создадени нешта, дури и пред самото време.
    Бог Е Три Божествени Личности (ὑπόστασις), Коишто се Едносушни (ὁμοούσιος).
    Трите Личности на Троица се апсолутно еднакви по божеството, силата, честа и вечноста.
    Секоја Личност на Троица го дели сето она што значи да си Бог со другите две, но не и она што значи да се бида таа Личност (личното својство).
    Вечниот извор на Божеството е Отецот, од Кого Синот се раѓа (предвечно), а Светиот Дух происходи (предвечно).
    Бог Е суштина и енергии. Бог е апсолутно трансцедентен и неспознатлив во Неговата суштина, но иманентен и спознатлив во Неговите енергии. Благодат е друг термин за Божествените несоздадени енергии.

             Исус Христос

    Исус Христос е Син Божји, Втората Личност на Светата Троица.
    Исус Христос е совршено Божествен како Син Божји, роден пред сите векови. Он е едносуштен (ὁμοούσιος, консупстанционален) со Отецот.
    Исус Христос е совршен Човек како син на Дева Марија, роден во времето од Неа, воплотен (инкарниран) од Неа и Светиот Дух. Он е едносуштен (ὁμοούσιος, косупстанционален) со целото човештво.
    Исус Христос е Една Личност (ὑπόστασις) во две природи, Божествена и човечка. Ова ипостасно единство е уникатно.
    Исус Христос беше роден, пораснат, поучуваше и исцелуваше, беше распнат и умре на Крстот, а потоа на третиот ден воскресна од мртвите.
    Исус Христос е Месијата (Помазаникот), претскажан во еврејските Писма (Стариот завет).

             Спасението и Црквата

    Има само една Црква – Православната црква.
    Црквата е Телото Христово, Богочовечки организам, во кој Христос е првиот (главниот) член и единствената Глава.
    Спасението се остварува во и преку Црквата.
    Спасението претставува теозис, да сте стане обожен, што значи да се здобие единство со Бога и да се стане подобен Нему, станувајќи по благодат (по дар) она што е Христос по природа. Тоа е учество во енергиите Божји, „учество во Божјата природа“ (2Птр 1,4), но не во Неговата суштина. Овa е процес што се протега низ целата вечност, бидејќи Бог е бесконечен.
    Спасението нè избавува од првородниот грев (од неговите последици), од самата сила на гревот и смртта. Тоа не е промена на статус, туку промена на битието како такво.
    Спасението е возможно единствено со силата Божја, преку соработка на човекот – „по благодат, преку верата“ (Ефес 2,8). Оваа соработка се нарекува синергија. Бог секогаш ќе ја почитува слободната волја на човекот, па ако човекот ја прекине неговата соработка, тогаш Божјата благодат останува недејствена. Соработката се состои во покајанието за гревовите, молитвата и учеството во светите тајни на Црквата.
    Светите тајни (сакраменти) реално предаваат благодат по дејството на Самиот Бог, преку клириците (свештенството) коишто претставуваат служители на Тајните, но не и нивни господари (сопственици). Клириците, преку епископатот, претставуваат преемници на апостолите, поставени од Христос.
    Христос ќе се врати повторно на земјата, со што ќе се означи крајот на времето и реалноста каква што сега ја знаеме. Сите што ќе останат живи на земјата ќе бидат преобразени за животот што следи. Сите мртви тогаш ќе воскреснат, соединувајќи ги повторно своите тела со своите души за вечност. Секој ќе биде суден според делата што ги сторил во овој живот.

според отец Ендрју Стефан Дејмик
Fr. Andrew Stephen Damic

Преземено од: Мистагогија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная