логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

orthodox_monk.jpg

За гревот и покајанието

✤✣✤

Од книгата „Седум смртни гревови“: Гревот е престапување на законот Божји, неисполнување на Светите заповеди Божји. Човекот може да згреши со дело, со збор, со помисла, свесно, несвесно, волно и неволно.

Грешиме „со дело“ кога правиме нешто противно на заповедта Божја. Ако човекот се предава на прејадување, пијанство, лакомство, тој греши против заповедта Божја. Крадењето, грабежот, убиството и другите слични постапки се исто така гревови со дело.

Гревот „со збор“ е кога зборот е противен на волјата Божја. На пример празни разговори и зборови. Господ Исус Христос, забранувајќи го тој грев, вели: „И ви велам дека за секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден“. (Мт. 12, 36). Доколку го разобличуваме со зборови нашиот ближен, го прекоруваме, доколку кажуваме очигледни неправди против него, се жалиме на него несправедливо, го клеветиме од омраза, ние грешиме против заповедта Божја: „Не сведочи лажно против својот ближен“. Овие гревови со збор често стануваат поштетни од многу гревови со дело и можат да стојат на исто рамниште со човекоубиството.

Грешиме „со помисла“ доколку имаме било какви желби, противни на љубовта кон ближниот, кога постапуваме против заповедта Божја: „Не посакувај ништо што е туѓо“. Гревот со помисла е исто толку тежок како и гревот со дело или збор и строго се забранува во Светото Писмо.

„Свесни“ гревови се оние што ги правиме, иако знаеме дека се забранети со законот Божји, но ги вршиме според нашите страсти – од гордост, злоба, мрзливост и слично – и се оправдуваме себеси со лажни аргументи. Постапувајќи така, достојни сме за прекорот што му го упати господарот на својот лукав и мрзлив слуга (види Мт. 25, 26 - 30).

„Несвесните“ гревови, произлегуваат од слабоста на нашата човечка природа. Многу е тешко да се запазиме себеси од овие гревови и да се заштитиме од нив. „Кој може да ги согледа своите грешки?“ (Пслм. 18, 12), вели пророк Давид, односно кој може да ја спознае својата грешка направена во незнаење. Бидејќи и тоа е грев, можно е и од него да се сочуваме; затоа тој додава во молитвата „и од тајните мои очисти ме“ (Пслм. 18, 12), односно од гревови што сум ги направил во незнаење и по слабоста моја, кои или ми се непознати, или не ги помнам, или, пак, дури и не ги сметам за гревови.

Да се греши „волно“ значи да се греши намерно и од злоба. Апостол Павле вели вака за овие гревови: „Зашто, ако, откако ја познавме вистината, своеволно грешиме, тогаш нема веќе жртва за гревови.“ Ако отстапиме од Христа и свесно се кренеме против Него, не можеме да добиеме прошка, како што се изјаснува за тоа Апостолот велејќи: „Зашто оние, кои веднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа учесници на Светиот Дух. И откако вкусија од добриот збор Божји и од силите на идниот век, отпаднаа, - не е можно пак да бидат обновени за покајание, кога повторно во себеси Го распнуваат Синот Божји и Го хулат“ (Евр. 6, 4 - 6). Но она што е невозможно за човекот можно е за Бога: посебна милост Божја може да се допре до срцето на грешникот и да го врати на патот на вистината.

„Неволниот“ грев е оној кого човекот го прави против својата волја и желба.

Од големото мноштво на гревови, најглавните, најтешките гревови се именуваат како „смртни“, бидејќи за непокајаниот грешник кој упорно пребива во нив, после смртта телесна настапува и смрт душевна, а заедно со неа и вечно оддалечување од Бога и погибел. Има седум смртни гревови: гордост, среброљубие, блуд, завист, стомакоугодие, мрзливост и гнев. Од тие гревови како од семе на мајка, се раѓаат сите останати гревови. Но доколку ги искорениме тие седум гревови, тогаш сите нивни деца, сите останати гревови ќе исчезнат.

Преп. Ефрем Сирин: Пресветиот Бог, Единствениот, Безгрешниот, од љубов кон тебе не Го поштеди ни Единородниот Свој Син, а ти беден грешнику, кој не се каеш, ни најмалку не се сакаш самиот себе!

Св. Јован Златоуст: Бога не го разгневуваат толку гревовите направени од нас, колку нашата утврденост во намерата да не се промениме.

Св. Јован Кронштадски: Пред сѐ, треба да имаме покајание за своите гревови. Но тоа многу често, ние духовниците не го гледаме кај своите духовни чеда. Многу од вас доаѓаат на исповед  со совршена рамнодушност. И доколку не ве прашаат нешто, ништо и не би рекле, или би рекле само воопштено, тоа дека сте грешни во сите гревови. И барем тоа да го кажувате со срдечно сознание за својата вина! Туку не, без никаква свест за гревовите, а само така, колку побрзо да завршите со исповедта. Возљубени мои, да не го претвораме делото на крајното милосрдие Божјо кон нас грешните, во повод за гнев Божји. Зошто сме толку нечувствителни! Нема ли за  што да зажалиме на исповедта! Малку ли гревови имаме! Дури и целиот свој живот да плачеме за гревовите свои, и тогаш не би направиле ништо отповеќе, туку само би го исполниле својот долг. Ах, ако некој вели дека нема грев, тоа тој се лаже самиот себе и напразно во таков човек бараш вистина. Не ги гледате гревовите свои? Тогаш молете се на Бога за Он да ви даде да ги видите; инаку напразно после свештеникот повторувате во црква: „Господи! Дај ми да ги видам моите прегрешенија!“ да се потрудиме уште сега со сите сили да ги видиме своите гревови, за потоа на исповед со срдечно покајание да ги признаеме.

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная