Марија Гиревска: Нашиот превод на „Улис“ го има во најзначајните светски џојсовски колекции
Ја имала среќата како свештеничка ќерка да биде опкружена со теолошка литература, што многу ѝ помогнало при разбирањето и преводот на „Улис“, каде што речиси во секоја втора реченица има некакво упатување кон Светото писмо.Во пресрет на промоцијата на нејзината книга „Творецот и сотворецот“, чија содржина лесно може да се насети од нејзиниот цртеж на Џојс на корицата, а која е закажана за 5 декември во Друштвото на писателите на Македонија,