Слово корисно и спасително за душата до Теодул од преподобен Исихиј, презвитер ерусалимски
Толку, колку будно внимаваш на својот ум, со толку потопла желба ќе Му се молиш на Исуса; а доколку невнимателно го надгледуваш својот ум, толку ќе се оддалечуваш од Христа Исуса. И како што првото го осветлува воздухот на умот, така последното, - отклонувањето од трезвоумието и слаткото повикување на Исуса – обично потполно го помрачува.