логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  3.angeli.so.truba

ДЕЦАТА ВО ЦРКВАТА

                            
Веднаш штом ќе почне да се буди детската свест, секоја христијанска мајка, за една од своите примарни должности ја има да го научи детето на молитва, молитва која што е едноставна и лесна за разбирање за детето. Неговата душа мора да биде навикната на топлото и побожно искуство на молитва во домот, во неговата колевка, за неговите соседи, за неговото семејство. Вечерната молитва на детето ја скротува неговата душа, ја искусува сладоста на молитвата со неговото малечко срце и го прима првиот мирис на светите чувства.


За детето е потешко да ја прифати атмосферата која што преовладува во црквата. Во почетокот тоа само набљудува. Гледа луѓе кои се концентрираат и  се молат и тоа сеуште не разбира и слуша неразбирливи зборови. Но, самата свеченост и празничната атмосфера во црквата имаат инспирирачки ефект на него. Кога двегодишно дете сака да оди во црква, да пее, зборува или да се поклонува – тогаш ние можеме да ја видиме неговата подигната свест и состојба на душата, со која тоа и не сакајќи е зафатено. Ова можеме да го кажеме од едноставно набљудување.


Но, исто така, има и нешто повозвишено од нашите сетилни перцепции. Исус Христос е невидливо присутен во црквата и Он го гледа детето, го благословува, и го прима во атмосферата на благодат од Светиот Дух. Благодатта го опколува него, како што топлиот ветар дува низ тревата во полето, помагајќи да расте полека и постепено, да фати корен и да се развива и расте. Така и мајката, брза да го приближи своето дете до Христа, до Неговата благодат, без разлика дали тоа  воопштго го разбира овој контакт со дарот на благодатта. Ова особено се однесува на Евхаристијата, најблиското соединување со Бог. Мајката го принесува своето дете до оваа тајна, додека тоа сеуште е бебе и лежи на нејзините раце. Дали мајката е во право?


„Пострадаа малите деца за да дојдат при Мене, зашто такво е царството набеско.” Дали, навистина, со сигурност можеме да речеме дека тогаш и таму, во полињата на Палестина, децата веќе го беа разбрале учењето на Христос, седеле до нозете на Учителот и го слушале неговото проповедање? Не велете го ова, зашто и самиот Евангелист забележува дека „тие му носеа Нему исто така деца, за да ги допре: но кога Неговите ученици го видоа тоа, ги укорија.” Носејќи ги своите малечки, целта на мајките била, еднставно, Неговите раце да ги допрат децата, а не Он да ги учи нив на божественото знаење.


Дозволувањето на децата да имаат контакт со духовната благодат е една од првите должности на секој христијанин, кој мисли на своите деца, и тоа е задача на Христијанското општество, кое се грижи за својата младина. Ова е вратата за правилно Православно Христијанско воспитување. Просветлување, покајание и радост, кои што се будат  во свеста на детето, се надворешен индикатор на фактот дека малиот христијанин чувствува топлина од божествениот извор во себеси. И дури и ако не чувствува, невидливото влијание на Божјата благодат не престанува; само ние не го гледаме, како што не го гледаме веднаш и одеднаш влијанието на сонцето врз нашето здравје. Во руската литература имаме такви експлицитни примери за расположението на детските души за време на подготовката за исповед и причест, како и по исповедта и причесната со Светите тајни. Сепак, многу често се заборава дека овде лежи клучот за организирање религиозно образование. Колку често, сфаќајќи ја неадекватноста на религиозното образование, ние одбираме програми и ги преработуваме, ја фрламе вината на учебниците и учителите, а забораваме за важноста на црквата и влијанието на богослужбите. Сигурно секогаш не си го поставуваме себеси прашањето: „Но дали децата одат во црква?”


Како што детето расте, тоа треба подлабоко да навлегува во животот на Црквата. Умот на детето, духот на младината мора да биде просветлен со црковните богослужби, да учи од нив, да се воплоти во нив; црквата треба да му даде сознанија за Бог. Оваа проблематика е покомплексна. Целта на религиозното образование ќе биде исполнета само доколку ги учиме децата да ја сакаат црквата.


Кога ние возрасаните организираме црковни богослужби, правиме подготовки за истите, го скусуваме или продолжуваме траењето на службите и слично, ние се прилагодуваме на нашите концепти и потреби, или едноставно како што ни одговара, разбрано од аспект на возрасни. Но досега, концептите, потребите и духовните стремежи на децата не се земени во предвид. Околностите често не се целисходни за децата да ја засакаат црквата. Ова, секако е еден од најважните начини на религиозно образование: дозволете им на децата да ја засакаат црквата, така да можат тие да ја посетуваат црквата со пријатно чувство, а и да најдат духовна храна во неа. Бидејќи родителите често не можат овде да помогнат, зашто и тие ретко се религиозни, често сме наклонети, кога мислиме на православните деца, да ја оставиме оваа работа во рацете на заедницата, во рацете на училиштата, во рацете на Црквата.


Како што не се плашиме од влијанието на учењето и книгите, или љубовта кон националната литература и историја, со тоа што ги насочуваме нашите деца да трчаат на час само штом ќе заѕвони ѕвончето, да седат в клупа и да се вклопат во атмосферата на строга дисциплина и принуда, некој би помислил дека нема потреба да се плашиме, доколку употребиме малку принуда по прашањето за посета на црквата, дали тоа би било дел од школскиот распоред или израз на самодосциплина од страна на младинските организации и оние што се поврзани со училиштата, и оние што не се. Но, секако, доколку ова остане само принуда, и тоа во толкава мера што ќе создаде одбивност кај младите луѓе, тоа е знак дека целта не е постигната, дека методот се покажал неадекватен, а принудата залудна. Треба детето, кое дошло таму по наша волја, да изрази желба да остане по сопствена волја. Тогаш сме ја оправдале нашата принуда.


И повторно ќе речеме: не е битен само природниот и психолошки ефект што се случува  во душата на детето в  црква, туку битен е и дејството на благодатта. Нашата единствена грижа треба да биде душата на бебето, детето или младиот човек да не биде затворена за светите впечатоци, туку да биде слободно отворена: и тогаш повеќе нема да биде потребен напор, сила или било кој друг вид на принуда; тогаш душата ќе се храни слободно, лесно и со радост.


Едно нешто не треба да се заборава: човечката природа изискува барем минимален степен на активно учество. Во црква ова може да има форма на читање, пеење, или во украсување и чистење на црквата, или некоја друга активност, дури и ако е индиректно поврзана со службата.
Неоспорната важност на црквата и црковните богослужби за религиозно образование на децата претставува еден од аргументите во корист на православното сфаќање на тајната на крштението: или поинаку кажано, аргумент во корист на крштавање на децата на многу мала возраст, како што тоа го правиме во Православната Црква. Крштението е вратата преку која се влегува во Црквата Христова. Оној, кој што не е крстен, што значи дека не е член не Христовото семејство, нема право да учествува во животот на ова семејство, во духовните собири и на неговата трпеза - Божјата трпеза. На тој начин нашите деца ќе бидат скратени од правото да бидат со нас в црква, да добијат благослов во името на Света Троица, да се причестат со Телото и Крвта Христови. И како и да влијаеме на нив во нашето семејство, дома, колку и да ги учиме на Писмото, ние ќе ги лишиме од директното дејство на небесната благодат, и во најдобар случај ќе разбудиме кај нив жед за вера, но сеуште ќе ги држиме далеку од небесната светлина и топлина, која паѓа врз нас, без оглед на човечките напори, далеку од тајните на сите богослужби, на светите молитви. Колку многу грешат оние религии кои го признаваат само крштението на возрасен човек!


Светите слугинки Вера, Надеж и Љубов, и светата млада невеста Перпетуа, кои станале маченички, се сведоци дека адолесценцијата е возраст која што е подготвена дури и за активно учество од највисок вид и форма во Црквата Христова. Бебето во рацете на мајката, кое во црквата извикало: „Амвросие за епископ!”, и со неговиот извик го утврдило изборот на славниот Амвросиј Милански за епископска служба, ете, тоа бебе е бранител на детските права за активно учество во Црквата Христова.


И затоа да се потрудиме околу нашите деца: како прво, да им дадеме шанса за поактивно учество во црквата - во поширока и во повозвишена форма од само подавање на кадилникот на свештеникот; и како второ, да се прилагодиме малку на нивото на децата кога се молиме заедно со нив.
Децата нека бидат свесни дека се дел од Христовото семејство.
Децата нека ја засакаат Црквата!

протоереј Михаил Помазански


Превод од англиски јазик: Димовска Светлана
                                            
Наслов на оригиналот:                                          

 "Children in church" -  By Protopresbyter Michael Pomazanski
 statija objavena vo spiasanieto "Word of the church" br.6-7, 2001

Извор:

 “Вистина” списание на Преспанско-Пелагониска Епархија.

Главен и одговорен уредник: Митрополит Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г.Петар

 

makrina.jpg

Иконопис: сестра Макрина

Друго:

 

 

 

Лето Господово 2011



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная