Свети Антониј Велики – Списи (30.01.2020)
Зашто совршенството на монахот се состои во навикатаː со духот да управува со сѐ во себе си. Но, таквото самоуправување доаѓа заедно со чистотата на срцето. А чистотата на срцето се придобива кога со него управува умот, а со умот управува непрестајната молитва. Нападите од демоните биваат преку помисли и привиденија, кои се посилни тогаш кога сме осамени и безмолвни.