логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

ХРИСТОС СЕ ВОЗНЕСЕ !
Пандемијата, видена низ духовна призма.
За вразумување, утеха и за надеж во Бога

ХРИСТОС КАЖАЛ : „...ЌЕ ИМА ПОМОР...“

Размислувања за пандемијата, карантинот, стравот и Божјата Промисла.

А на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор“ (Лука 21, 11). Во Евангелието, помор – тоа се заразните болести, односно епидемиите. Христос кажал, дека ќе има помор и навистина – тоа се случува. Спасителот се обидува да ни открие дека вообичаените заболувања со Неговото доаѓање, нема да престанат. Како што не исчезнуваат земјотресите, односно природните катастрофи и гладот, односно, социјалната беда. Таков е законот на животот – надвор од Рајот. Откако, човекот ја внесе во светот инфекцијата на гревот, светот го инфицира (заразува) човекот со инфекции, вируси, патогени бактерии.

Епидемиите, и во поголеми размери – пандемиите, слични се на појавувањето на природни катастрофи. Сите се подеднакво немоќни пред природните стихии. Царот и просјакот, богатиот и сиромашниот – сите подеднакво бегаат од пожарите, се плашат од природните катаклизми, сите треперат од добивање на некоја смртоносна болест.

Единствениот син на Шекспир Хемнет, починал на единаесет години од чума. А помладиот брат на императорот Александар I, Константин умрел од колера. Од епидемии умирале големци и познати, цареви и архиереи. Во текот на сите векови, отворената уста на епидемиите останала широко отворена, секогаш гладна и ненаситна.

Постојат десет болести што резултираат во пандемија:

1. проказа
2. чума
3. колера
4. сипаница
5. тифус
6. маларија
7. туберкулоза
8. грип (со сите свои видови)
9. ХИВ инфекција и
10. неодамна појавената инфекција со коронавирусна инфекција COVID-19.

Слично на десетици египетски казни, тие го одземаат мирот, носат вознемиреност и болка. Една казна се сменува со друга – впрочем ниту една не се покажува целосно надмината. Како бранови на разбеснето море, што го раздвижуваат зли ветрови, ги рушат оние што стојат на патот, а потоа заминуваат, за да се вратат повторно по некое време. Тие беснеат во сите векови на нашата несреќна историја, само што силата на овие бранови не е еднаква во сите времиња.

Од каде - пандемијата ?

Стравот и неизвесноста, раѓаат во умот на луѓето мноштво теории: од заговор на светските влади, до биолошко оружје излезено од контрола. Но во почетокот, во суштината, кај сите пандемии се наоѓа еден горчлив извор (причина).

Болестите се данок на несовршениот, на скршениот свет. Човекот го скршил тој свет. Таква е горката и страшна вистина.

Човекот бил поставен од Бога да го негува рајот и да го чува (Битие 2, 15). Преку човекот универзумот се одухотворувал, создаденото се соединувало со несоздаденото, земјата се растворувала со Небото, целиот свет бил озарен со Светлината Животодарителот. Но, се случи парадокс: повиканиот да биде цар, се однесувал како роб, измамник и предавник. Наместо да го негува рајот, ја негувал гордоста во себе. Наместо да го чува единството со Бога, и преку тоа хармонијата на целиот универзум, човекот лажливо стапил во општење со паднатите духови. Го внел отровот на змиијата во чистиот универзум и животот се отровил од гревот.

Беден, беден човек. Не го сочува, туку го расипа дарот на рајскиот живот, како што од негрижа се испушта и крши скапоцен сад, даден на пазење. Така и рајската вселена доверена во рацете на венецот на созданието (човекот), доживеа цепотина, пукање. Едвај создадениот, се одвратил од Творецот. Животот и хармонијата, царувале во светот, сѐ додека, круната на створеното – човекот бил соединет со Животот. Раскинувањето со Животот, предизвикало болести и смрт.

Гревот внесе распад, нерамнотежа и неуспех во светот, кој живееше во рајска хармонија. Напаѓање и очајна борба за опстанок, взаемно уништување и непријателство – тоа е светот после загубата на Рајот. Со отфрлањето на Бога, човекот се подчини на смешно малите, мизерни честички на паднатиот свет, кои се повикани на обожение за да бидат поробени микробите. Од страв од смртта, вие сте принудени да ги изучувате микроскопските паразити, бацили, разни видови вируси и ешерихија коли, да ги проучувате сопствените измет и урина – затоа што се одвративте од размислувањето за Бога, разбирањето на небесната чистота и запознавањето со Ангелите.

Таков е законот на животот надвор од Рајот.
За вирусот на смртни гревови – вирус на смртоносни болести.
За инфекции со страсти, кои ја нагризуваат душата – инфекции, кои го нагризуваат телото.
За заразата со самозадоволства – зараза на заболувања кои го лишуваат мирот и спокојството.

Таков е законот на животот надвор од Рајот: За инфекции со страсти, кои ја нагризуваат душата – инфекции, кои го нагризуваат телото.

Пандемиите се аналогија на светските војни, само на ниво на борба со човек со бунтовна природа. Се однесуваше како напаѓач, еве го нападот од паднатиот свет. Природата излезе од твојата контрола, како што и ти самиот си престанал да се потчинуваш на Творецот. Светот како да се одмаздува на човекот со било која пандемија заради фактот што човекот го оштети Универзумот со својот грев, којшто се состои во блудната врска со ѓаволот – разорувач.

Колосалната катастрофа на гревопадот се одразува како во огледало во секоја пандемија. Беспомошноста на луѓето пред било кое смртоносно наитие – е образ на подзинатата бездна на гревот – отуѓувањето на човекот од Бога и како последица, страдањето и смртта.

О човеку! Твоето срце жеднее за живот и среќа, но си попаднал во јад и чемер. Твојот дух се стреми кон небесата, но осилото на болеста, набодено во твоето тело, те стави на заслуженото место.

Значи, така се смирува гордоста на човекот, зашто така и се руши и секој лажен идол. Животот на човекот повикан на бесмртност, станал несреќен по ликот на истиот микроб (вирус). Пандемиите покажале колку е немоќен и слаб човекот. Но и, пандемиите откриле: да живееш само заради земјата е бесмислено.

Не мислете дека надвор од Рајот ќе живеете и ќе се радувате, нема да сте болни и нема да умрете. Животот надвор од Рајот, не е живот, туку борба за преживување. Победувајќи една болест, ние со сигурност ќе сретнеме нова, нечуена досега. Зашто реченото не може да биде заобиколено: „Земја си и во земја ќе се вратиш“ (Битие 3, 19), и не може да успевате на земјата која „трње ќе ти раѓа“ за твојот грев (Битие 3, 18).

Болеста како мудро допуштение Божјо

Што е болеста пред Божјата десна рака? Болестите се несреќна прашина која се расејува од едно обично движење на Христовата облека. Исус ја виде тештата на Петар како лежи во треска, ја допре нејзината рака и „треската веднаш ја напуштила“ (Марко 1, 31). Тој кажа на веќе загниениот труп во темниот гроб: „Лазаре, излези надвор! “ (Јован 11, 43), и излегол Лазар, полн со сила и вдахновен со нов живот. Ете, тоа се болеста и смртта пред десната Божја рака. Допирањето на Животот е животворно, допирањето на Бесмртниот е целебно (лековито).
Но човек го цени лебот кога леб нема. Водата – кога гори од жед. Воздухот – кога се гуши. Така грешниот човек почнува да го цени сѐ што е Божјо преку одземање, односно преку страдање.
Секое лишување е страдање. Лишувањето на здравјето е мака. Зашто здравјето е нераскинливо од животот. Никој не умира затоа што животот му завршил, туку заради неговите исцрпени или уништени ресурси. Заради тоа сите толку многу се грижат за здравјето – тоа е нескротливиот стремеж за живот. Дури и ако некој го игнорира своето здравје и го уништи со своето неразумно однесување, тоа е само затоа што наивно верувал дека ресурсите на неговото здравје се бесконечни.
Што Господ да земе и со едно движење да го запре поморот. Што е за Господа да ги излекува болестите на луѓето? Но, нам ни останаа природните начини на борба против болестите, за да можеме да научиме да Го почитуваме својот Бог.
Ние сме како Христовите ученици во кораб, околу кој се подига бура, а самиот Спасител како да ги оставил сами, спиел и не слушал. Зар не е попрво спротивното – учениците спијат спокојно, а Спасителот е буден и им го чува сонот од малото бранување на ветрот? Не, негрижата ги погубува луѓето. За нас пропаста (смртта) не се бедите и потресите, туку сонот на нашите души, потонатоста во нега, удобност, мрзливост и безгрижност. Луѓето ги погубува негрижата. За нас пропаста (смртта) не се бедите и потресите, туку сонот на нашите души.
„Но, Израилот се угои, па почна и да клоца; се здебели и натрупа сало; па Го остави Бога Кој го создаде и ја отфрли карпата на своето спасение“. (5 Мојс. 32, 15)
Адам, бивајќи чист од грев, пропадна во безгрижен живот. Но како ќе се спасиме од својот грев, ако останеме во негрижа?
Замислете на некого само да му даваат пари, без да работи, што ќе биде со неговата душа? Безгрижниот и потрошувачки однос на луѓето кон животот, го уништува животот. Кога сѐ ви е дадено, но вие самите не работите, тогаш сте близу до пропаст. Премудроста на Божјата Промисла, несфатлива и необјаснива за нас, се изразува во фактот, дека со сето изобилие на благодатни дарови на лечење, нашата судбина е да ги надминуваме бедите преку тешка борба, а не да добиваме безгрижно чудесни благослови од Бога.

Христијанството не е удобност

Ќе искажам мисла, која знам дека нема да биде прифатена од сите. Христијанството не е удобност. Христијанството не може да биде комфортабилно. Христијанството е маченичко исповедување, затоа што тоа е следење на Христос, а Христовиот пат е пат на Крстот.
Кога христијанството станува комфортно, тогаш Господ испраќа искушенија, кои што го рушат комфорот. „Сеуште спиете и одмарате? “, се обраќа кон нас Спасителот (Марко 14, 41). А ние не знаеме што да Му одговориме. Привикнати на слобода, на тоа дека сѐ е и сѐ е можно, храмовите отворени, нашите права заштитени, наоколу спокојство, така што е можно, така да се рече, и да се поспие. Но, не може. Господ ни допушта бури, за да можеме да се разбудиме. Секоја бура нѐ извлекува од вообичаените услови за живот, кои се пријатни за нас.
Одново се затвара Рајскиот чертог (градина), Божјиот храм, за да можеме со обновен поглед да погледнеме кон Црквата, кон Светите Тајни, кон радосната средба со Господа во Евхаристијата (Причесната). Возвратеното со огромен труд се чува како зеницата во окото. Така во однос на храмовите, така и во однос на здравјето и во однос на сѐ што се гради на земјата.
Ние се бориме со болестите како со џинови (некои наши луѓе велат: „Ова е голема мечка“, моја заб.). Во потта на лицето наше си го вадиме лебот, а здравјето ни се дава преку крвава пот. Џиновите се посилни од нас. Но, смирениот Давид го победува гордиот Голијат. Возвратеното со огромен труд се чува како зеницата во окото. Ете зошто, победите над светските пандемии во сите времиња се извојувала, крајно тешко, со многу жртви. За да го цениме Божјиот дар на животот. А преку тоа, да учиме да цениме сѐ што е Божјо.

Нужно е да го цениме Божјиот дар на животот. А преку тоа, да учиме да цениме сè што е Божјо.

Смирувајќи се со многувековните беспоштедни пандемии, човештвото добива можност да ги победи. Господ, несомнено, ќе открие средства за лечење и од новиот вирус. И секој пат, пронаоѓањето на човештвото на средства за победа над пандемиите – е слика на благословот Божји, откривајќи спасение на секој макотрпен, смирен работник.
Така се учи на смирение. Така, ние започнуваме да го цениме Божјиот дар на животот, но копнееме и по дарот на бесмртноста, којшто го загубивме поради гревот.

Ние нѐ сме оставени од Бога

Спорови, вознемирености, стравови – сето тоа е природно за секое нестабилно време. И уште – непријатност, прашања и обиди да се разбере, од каде е дојдена целата таа несреќа. Сите видови на страв се јасни. Но, над сите наши расипани, потонувачки гревови во светот, е Божјата Промисла. Зар Господ, ги допушта пандемиите за тоа, да го уништи човештвото?

Си го поставуваме прашањето: каде е патот на спасението од маките? Но, маките – тие се патот на спасението

Маките, всушност се патот, на којшто Бог нѐ ослободува од нешто полошо. И времето поминато во карантин, дури принудното оддалечување од храмот, може да се покаже од голема корист за душата, ако тоа време е посветено на Бога и на другите. Можеби сега и ни се дава можност да се посветиме на најблиските и најмилите, да се научиме на живо општење (комуникација) со нив, откако ги оставиме настрана грижите и стравот, предизвикани од електронските медиуми, откритија итн. Среќата не е во sms пораките и во интернет откритијата. Среќата е во чистото срце, во живата молитва кон Живиот Бог, во радоста од општењето со оние, кои Бог ги поставил покрај тебе.
Воопшто, во времето на сегашниот 21 век, Господ ни ја открива несигурноста и лажливоста на земниот свет. Ние, не можеме да создадеме рај на земјата. Победуваме едни болести - се појавуваат нови. Затоа што научно-технолошкиот прогрес не е сесилен. Тој, всушност е обид да се создаде илузија за бесмртност при тиранијата на смртта. Смртните, ќе создадат ли овде нешто бесмртно? Цивилизацијата е градење на комфорт врз рушевините на разрушениот рајски свет. Допуштајќи пандемии, Господ ни дава да ја видеме вистината: Тука нема рајско блаженство (среќа), има борба.
Но искушенијата доаѓаат и заминуваат, а Црквата ќе остане. Таа ќе помине низ вековите, водена од Светиот Дух до самата средба со Господа, Кој ќе дојде од Небесата за да ги собере Своите со Себе.

Старец Паисиј: „Бог несомнено нè чува, но со тоа што веруваме во Бог не треба да ја оправдуваме нашата негрижа“

Бог ни даде раце и нозе, а исто така и глава на рамената, за да преземеме природни мерки на претпазливост. Се разбира, вреди да се каже отворено дека во животот на самиот преподобен Паисиј Светогорец, благодатта преовладувала над природата. Старецот ја избегнувал цивилизацијата со сите нејзини изуми и живеел, воден од Светиот Дух. Но, исто така вреди да се признае дека ние самите сме многу, многу далеку од животниот стандард (и начин) на преподобниот Паисиј. Затоа, не можеме да ги игнорираме природните мерки на претпазливост.


Дарувај ни Боже на сите нас разумност, а исто така и дух на трпение, љубов и простување на едни кон други! Коронавирусот ќе замине, но дали ќе имаме меѓусебно единство после ова? Ќе се разделиме ли меѓу себе на пријатели и непријатели, на храбри и кукавици, на верни и предавници? Зачувувањето на љубовта, единството и простувањето едни кон други е многу позначајна духовна задача во нашето време.

Свештеник Валериј Духанин
15 Мај 2020

превод од руски: Свештеник Емил Атанасов

 

 
 

 Избор од фб профил на

Емил Атанасов

Емил Атанасов's profile photo, Image may contain: 1 person, standing
   



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная