† ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (18.04.2021)
„Порано исполнета со секакви блудни дејства, сега со покајание се покажа Христова невеста; ангелскиот живот подражавајќи го, со оружјето на крстот демоните ги погубува. Поради тоа се покажа невеста на Царството, Марие преславна“ (кондак на Утрена во Неделата од петта седмица од Великиот пост).