ИЛИНДЕН И ПРЕПОДОБНИТЕ ПРЕЧИСТАНСКИ МАЧЕНИЦИ
Празнувањето на овој голем христијански, но и државен празник, продолжи утредента со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Агатангел, архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Владо Недески, дарко Милев и Александар Матески, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески, Васил Ристовски и Александар Крстаноски.