Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Кaпиштец, Скопје (22.12.2019)
„Лажното пријателство, лажната побожност, лажното добродетелство, лажните сведоштва се зли дела, кои на Господа не му се мили, а пак, фарисеите биле најмногу познати токму по својата дволичност, и оттаму дволичноста, според нив, се нарекува и фарисејство, иако самата дволичност никогаш не е еднострана појава, туку претставува целокупен сплет на гревови. Драги браќа и сестри, и ние, честопати се наоѓаме во слични ситуации, во каква што се беше нашол старешината на синагогата.