Постои огромно толкување на таа икона, но главно за ангелите е ова: Ангелот што стои најлево и кон кого другите два ангела се наклонети, го претставува Бог Отец, и бојата на Неговата облека е недефинирана,затоа што Отецот никој никогаш не го видел. Ангелот што стои во средината е Бог Словото и го благословува Агнецот...
Во почетокот кога Бог го создал човекот, го поставил во Рајот (како што ни кажува божественото Свето Писмо) , украсувајќи го со секаква добродетел и давајќи му заповед да не јаде од дрвото кое било во средината на Рајот.
При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце. Оваа благодат во нас може да стане и извор на благодат која нè води во живот вечен доколку го очистиме и го отвориме нашето духовно срце“ – секако, за молитвата. „Добивањето и пронаоѓањето на вода жива, пројавено како умно-срдечна молитва, е дар Божји“.
Што е Богочовекот Христос: што е Бог во Него, а што човек? Како се познава Бог во Богочовекот, а како човекот? Што ни даруваше Бог, нам луѓето, во Богочовекот и со Богочовекот? Сето тоа ни го кажува Светиот Дух – „Духот на Вистината“: ни ја покажува целата Вистина во Него – за Бог во Него и за човекот, и што сѐ ни е подарено со Него? Е тоа бескрајно надминува сѐ што човечките очи некогаш виделе, ушите чуле, а срцето претчувствувало.
Благословен си, Христе Боже наш,
Кој премудри ловците ги покажа,
кога им го испрати Светиот Дух,
и со нив ја улови вселената,
Човекољупче, слава Ти.
Во едно писание на о. Јустин Келијски, со наслов „Со сите светии“, преподобниот вели дека житијата на светителите не се ништо друго, туку „продолжение на Делата на светите апостоли“. Како што во Делата апостолски се опишани делата Христови кои апостолите ги извршише преку Христа, Кој пребивал во нив и делувал преку нив, исто така и светителите го сведочат истото Евангелие, го живеат истиот живот, ја пројавуваат истата праведност,
Наоѓајќи се на ден пред големиот празник Педесетница, правиме спомен на починатите во верата отци наши, браќа и сестри. Светата православна Црква, движена од науката на Христовата љубов, постојано нѐ поттикнува да се молиме на Господа за душите на покојниците, знаејќи дека смртта е само една врата, преку која човечката душа преминува од животот овде на земјата, во животот на идниот век. Богомудрите и
Често размислувајте за смртта и за се што ја следи и што ќе дојде по неа, па од се извлечете за себе поуки, потхранувајте ја својата срдечна придобивка на Божјата волја.
Притоа, со сите сили настојувајте во вообичаениот тек на вашите работи секогаш да правите дела според заповедите Божји
Да го почитуваме, верни, Константина со неговата мајка, оти и двајцата, кога ги слушнаа зборовите на Давида во кедрите, елите и кипарисите, ги препознаа трите краци на крстот, на кого се изврши спасителното страдање, и ги принуди непријателите Христови, кои живееја во Јудеа, да направат
Секој од нас кој сака да ја покаже својата љубов кон преминатите и да им пружи вистинска помош, најдобро тоа може да го направи преку молитва за нив, особено преку нивно спомнување на Литургија, кога се одвојуваат честици за живите и за мртвите и се ставаат во Крвта Господова со зборовите “Очисти ги Господи гревовите на овде споменатите со Твојата Пречиста Крв,
Воспитувајте ги да бидат културни и учтиви, да ги почитуваат другите. Учете ги да се соочат со фрустрациите и бесот и поврзувајте се со нив емотивно. Не е доцна за воспитување морално, етички и емоционални здрави генерации.
Стварноста на социјалните мрежи е црно-бела. Вистинскиот човек не постои, туку едниствено неговиот дигитален холограм редуциран до непрепознатливост. Првичен симптом на ваквата стварност е исклучувањето на возможноста за било каква сериозна и задлабочена дискусија.
«Жените, со кои јас се сретнувам, имаат сосема различни судбини и се наоѓаат во различни околности. Но, сите ги спојува едно, ним им е насушно потребна љубовта-емотивно раскажува Наталија. -Доволное просто да им се стави до знаење дека не се сами, за да се одречат од чедоморство... Ова се приказни на изгубени жени, како ги нарекувам јас, кои се нашле во услови на борба.»
За да се молиш треба да имаш основа која што е неопходно да ја негуваш. Како што го чуваме нашето тело, така ќе го чуваме и здравјето на душата. Неопходно е да бидеме радосни. Кога се навикнуваме да се молиме ни се дава радоста Христова, и уште повеќе. Ако ти кој се молиш тагуваш, ако се нажалуваш и онерасположуваш, нешто во тебе не оди добро.
Единствена животна вредност е семејството. Кога ќе пропадне семејството ќе пропадне се,
и свештенството и монаштвото, ќе пропадне светот.
Бескрајни се маките и тешкотиите на светот. Едно сеопшто распаѓање на цели семејства. Повеќето од домовите се полни со несреќа,
Сега кога вашите деца се сеуште мали, должни сте да им помогнете да разберат што е добро. Тоа и е најдлабоката смисла на животот.
Старец Пајсиј Светогорец е еден од најзначајните и најважните светогорски старци од 20-от век, православен христијански монах кој во изминатите децении стана еден од најсветите личности во Грција.
✥✥✥ 01 Јуни (Четврток) Светиот свештеномаченик Патрикиј, епископ Бруски, со тројцата презвитери: Акакиј, Меандар и Полиен.
Света Божествена Литургија од 08:00 часот ✥✥✥
✥✥✥ 03 Јуни (Сабота)
Светиот цар Константин и Светата царица Елена ( Задушница)
Верниците и оние кои не веруваат доаѓаат во храмот, палат свеќи, се молат, плачат, но кога ќе им пријде свештено лице и ќе ги покани да присуствуваат на богослужбата за да се ‘’потопат’’ во таа нова за нив мистична реалност, тие изрично одбиваат или поради некоја причина ја отфрлаат оваа понуда. Ова не само што е тажно, туку е и за осуда, бидејќи имено