Богослужби во Скопје (03.04.2015)
... И навистина сo искуствo дoзнаа дeка христијанската благoчeстива наука нe e вo испрeплeтeни збoрoви на мудрувањe, туку вo јавувањeтo на духoт и силата (1. Кoр. 2:4)
... И навистина сo искуствo дoзнаа дeка христијанската благoчeстива наука нe e вo испрeплeтeни збoрoви на мудрувањe, туку вo јавувањeтo на духoт и силата (1. Кoр. 2:4)
Семинар во Трескавец 1982 година, на сликата во центар е архиеп. Ангелариј, протоереј Методиј Гогов (архиепископ МИхаил), мислам дека лево е о. Владимир Санџаковски, а во позадина во профиле сликан св. Гаврил Светогорец, еп. Велички. На овој семинар мислам дека е крстен еден сегашен српски владика.
Некои велат дека од молитвата доаѓа прелест. Тоа е погрешно. Прелеста доаѓа од самоволие, а не од молитвата. Сите светии многу се молеа, повикувајќи ги и другите на молитва. Молитвата е најдобро дело за душата. Преку молитвата се доаѓа при Бога. Преку молитвата се задобива смирение, трпение и секое добро. Оној кој зборува против молитвата,...
На 07/08 Април со почеток од 17:30 часот во трговскиот центар City Mall, во оганизација на Група на здруженија за РЕТКИ БОЛЕСТИ, ќе се одржи Велигденски Базар, со цел подигнување на јавната свест за ретките болести. Ве покануваме да ни се придружите, да ја реализираме нашата замисла.
04/22- сабота – Воскресението на Лазара / 07.15 утринска во 08.30 литургија Златоустова /
05/23- недела- ЦВЕТНИЦИ / 07.15 утринска во 08.30 литургија Златоустова /
+ СТРАДАЛНА СЕДМИЦА+
1. Голгота на историјата – Павле, Митрополит Алепски
2. Умирајќи – еве. живееме! – Протопрезвитер Џон Бер
3. Слово на светата Пасхална седмица – Архимандрит Јован Крестјанкин
Темјанот ја симболизира нашата молитва, која се издига како чад кон Божјиот престол. „Да се упати нашата молитва како темјан пред Тебе“ (Псалм 140). Значи, како што темјанот кога ќе се загрее се издига нагоре и наоколу шири благопријатен мирис, така и душите, кои се молат со топла и загреана вера, не треба да се врзуваат за земјата и за...
Како прво, евангелските раскази се густо проткаетни со политички мотиви. Без познавање на тогашната политичка состојба во светот и во Светата Земја, воопшто не е можно да се сфати што претставува Августовиот попис, благодарение на кој Господ е роден во Витлеем. Не е јасно кои се стотниците на римската војска и зошто патролираат по улиците на израелските градови, кои се цариниците и заради што народот воопшто не ги сака...
Прими го мојот совет.
Го слушам твојот крик... Ти носам олеснување за твојата тага, бидејќи позната ми е причината за неа, и и го знам лекот...
... Слеп ли си? Изгрева и заоѓа сонцето, а ти тоа не го гледаш?
Пустинските монаси привремено го напуштале тихувањето и доаѓале во светот за да го исповедаат Православието и да ги утврдат Православните во вистинската вера. Така свети Антониј Велики дојде во Александрија за да ја објави својата спротивставеност кон догмите на Аријанците.. Монасите одбивале да се причестат со декларираните еретици. Преподобните отци наши Сава Осветен и Теодосиј Општежителник...
Со благослов на Митрополитот Кумановско-осоговски, г. д-р Јосиф, Епархискиот црковно-образовен совет објави два нови наслови во својата библиотека: „Азбука на православниот живот“ од свештеник Димитриј Каплун и „Подвигот во нашиот живот“ од св. Исаак Сирин. И двете книги претставуваат добро четиво за оформување на црковна христијанска свест и духовност.
Главната цел на постоењето на Црквата православна, на Црквата која се моли, како и на секој христијанин поединечно, е, пред сѐ, соединување со Христа, учество во Неговата жртвена љубов кон човечкиот род. Верните во Црквата се учат да Го созерцаваат Христа Живиот, заедно со победничкиот Собор, Црквата на првородените, запишани на небесата...
На неколку километри од градот Трикала, во сенката на свештените карпи во близина на Метеори, беше посведочен еден потресен податок. Икона со свештеното изобразение на Архангел Михаил зографисана пред 5 години од страна на иконописецот отец Панајотис Певкис, излева капки на благоухано масло, кое на чудесен начин не ѝ штети на изобразбата...
Сeкoј дeн и сeкoј час ниe смe пoставeни пoмeѓу Бoга и грeвoт и трeба или да ја пoклoнимe свoјата љубoв на Бoга и да сe вoздигнeмe пoмeѓу ангeлитe, или да сe приврзeмe кoн грeвoт и да паднeмe вo мрачниoт ад. Алeксиј Чoвeк Бoжји Гo вoзљуби Бoга пoвeќe oткoлку свoитe рoдитeли, и жeната и бoгатствoтo.
04 април (Лазарева сабота), 09:00 часот: Златоустова литургија;
05 април (Цветници), 09:00 часот: Златоустова литургија;
07 април (Благовештение), 09:00 часот: Златоустова литургија;
Во петтата недела од Великиот пост, кога Црквата молитвено го празнува споменот на преподобната Марија Египетска, и се поучува од нејзиното покајание, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски господин Јосиф, отслужи света Василиева литургија во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво, верниот народ се причести со светите Христови Таинства.
Душата којашто се предала на волјата Божја, лесно ја поднесува секоја неволја и секоја болест, затоа што и во болеста таа се моли и Го созерцува Бога: “ Господи, Ти ја гледаш мојата болест. Ти знаеш колку сум грешен и немоќен. Помогни ми да трпам и да Ти благодарам за Твојата благост.” И Господ ја олеснува болеста, и душата ја чувствува Божјата помош,...
Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба да ја бараме во фактот што нашите молитви честопати се самољубиви, егоистични па дури и неразумни. Еве ни таков пример од денешното свето Евангелие: „Пристапија кон Него Зеведевите синови, Јаков и Јован, и рекоа:
Некои спорат околу верата, и нема крај на тие спорови. Воопшто не треба да се спори, туку само да се моли Бог и Мајката Божја, и Господ без нашето спорење наскоро ќе нè просветли. Мнозина ги изучиле сите вери, но вистинската вера не ја познале како што треба. Оној кој во смирение ќе се моли на Бога, да го просветли Господ, нему Господ ќе му даде да познае колку многу...
Среде природните убавини во подножјето на планината Цоцан, на местото наречено Врвој, Пресветата Владичица наша Богородица благоволила да си издигне прекрасен дом – манастирот „Пречиста ‒ Кичевска“, посветен на светото Благовештение. Оваа света обител, со братство од 15 црнорисци, кон средината на XVI век била извор на жива вода што го напојувалa верниот православен народ со благодатта на Светиот Дух.