На 21. 08. 2015 година на празникот на Светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Надлежниот архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од МПЦ - ОА, отслужи света архиерјска литургија, одража пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.
На крајот Митрополитот Брегалнички г. Иларион им се заблагодари на Митрополитите г. Агатангел и г. Пимен за отслужената Света Литургија во Брегалничката епархија. По ова Митрополитите го посетија манастирот посветен на Св. вмч. Георгиј во с. Ораовица – Радовиш, каде и присуствуваа на заедничката празнична трпеза на љубовта по повод Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш Св. мч. Спасо Радовишки.
Извор: Брегалничка епархија