За небесната ерархија - Старец Клеопа 1 дел
Се толкува дека ангелите се служители Божји. Ангелите се тие кои ни помагаат во неволји, во страданија и во искушенија и тие секогаш се радуваат на оние што растат во доблестите, и секогаш ги натажуваат оние кои паѓаат во гревови и тие им помагаат да се подигнат од гревовите и од тешкотиите. Ангелите служат за спасение на човечките души и никогаш не нè напуштаат, служат до нашето излегување од овој живот и до времето на нашата смрт.