логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

                                                                          „Тогаш им се отворија очите...“

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.

 

Што да кажам за поука и од каде да почнам после ова евенгелско четиво (види: Лука 24, 1–35), веројатно најзначајното во целиот Нов Завет, кое ја истакнува нераскинливата врска помеѓу богопознанието и Светата Евхаристија. Воскреснатиот Христос чекори покрај своите апостоли Лука и Клеопа на патот за Емаус и, иако многупати пред ова чудесно патување чекореле заедно, тие не Го препознаваат и во Него гледаат само обичен туѓинец сè до моментот на прекршувањето на лебот.

Патуваат исплашени, загрижени и натажени по распнувањето и погребението Христово, и првпат после тие дни во нечие присуство почувствувале топлина, сигурност и утеха, додека Тој чекорел покрај нив и им го толкувал Писмото. Ова е многу важен момент во денешното евангелско четиво, и како и колку и да го толкува некој, сепак, може да го разбере и знае само онаа христијанска душа која сите свои надежи и целата своја сигурност ја црпи од Бог и од Божјото присуство во својот живот.

Кога се стемнувало и дошло време да се одвојат, тие се плашеле да се оттргнат од Тој непознат Човек, покрај Кого се чувствувале сигурно и „им гореле срцата“ со истиот пламен додека чекореле покрај својот Учител и Спасител, пред Неговата крсна смрт.

„Остани со нас, оти денот превали и наскоро ќе се стемни.“ Не се плашеле Лука и Клеопа да Го пуштат овој туѓинец сам во темнината, туку се плашеле да останат сами во ноќта, без Неговото присуство, кое им ги запалило срцата.

Еве уште еден клучен момент: „А Тој се направи како да сака да продолжи“. Никој не го сака повеќе нашето спасение од Оној Кој стана човек, се распна и умре за нас. Нема таков меѓу синовите Адамови, дури и меѓу најчистите и најсветите, чие срце толку би копнеело за Божјата љубов колку што Бог Самиот копнее да влезе и да го исполни со Своето присуство срцето на најголемиот грешник. И покрај тој копнеж, Тој се направи како да сака да продолжи, сè додека не Го поканија. Така постапува Љубовта. Таа никогаш не е насилна и никогаш не влегува насилно во нечиј живот. Целото ова патување ја имало за цел оваа пасхална Литургија, која ја отслужи истиот Оној што и денес ја служи и оваа Света Литургија.

„А кога седеше со нив на трпеза зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаде; тогаш им се отворија очите и тие Го познаа.“

Нема Богопознание, драги мои, надвор од Црквата и од нејзината Света Литургија. Не смееме да се залажуваме дека независно од Црквата и надвор од неа, само во своите домови, можеме да водиме побожен живот.

Затоа, секој што не доаѓа на светите собранија кога Лебот го прекршуваме, не може да Го познае Христос. Како да му објасниме на овој свет дека нема нешто што во овој свет може да нѐ исплаши, па дури и самата смрт!? Ние единствено се плашиме да останеме во темнината на овој свет, сами, без Него, а Тој ни се дава единствено во Црквата на Светата Литургија, која за нас не е само емотивно сеќавање на крсните страдања, смртта и воскресението на нашиот Господ. Тоа можеме да го правиме и во своите домови. Секоја Света Литургија за нас е истата случка и истото доживување што го имале Лука и Клеопа во куќата покрај патот за Емаус. Ништо не можело да им го надомести присуството Христово на овие двајца апостоли, ниту тоа што некои жени од нивните биле рано на гробот на кои ангели им кажале дека Тој е жив, ниту тоа што некои од апостолите биле самите и се увериле дека гробот е празен. Тоа кај нив ништо не променило. Тие чекореле по патот нажалени сѐ до прекршувањето на лебот, сѐ до нивното лично учество во Литургијата на Воскреснатиот Христос. Нема релативизирање на Светата Литургија и online замена. Категорично одбивам да ми соопштат и да ме уверуваат некои што биле и што го виделе празниот гроб, па макар и ангели да ми објавиле. Јас ќе чекорам натажен како Лука и Клеопа сѐ додека самиот не појдам и не се уверам, и додека Самиот Тој не ми се даде. Не како било, и не каде било, туку на Светата Литургија на Црквата Негова. Само тогаш мојата жалост ќе се претвори во радост и ќе биде полна.

Затоа ви велам дека оној што не ја разбира Светата Литургија и ја релативизира на каков било начин, тој ниту ја разбира Црквата, ниту има претстава што направил Христос за него; за жал, токму во овие тешки услови за сите нас и се уверивме во тоа.

Држете се за Светата Литургија по секоја цена, бидејќи надвор од Светата Литургија нема познание на Бог, надвор од Светата Литургија нема Црква, надвор од Светата Литургија нема духовен живот, надвор од Светата Литургија нема светост, надвор од Светата Литургија не можеме да бидеме добри луѓе, надвор од Светата Литургија нема Воскресение, надвор од Светата Литургија нема Велигден, надвор од Светата Литургија нема живот, надвор од Светата Литургија, колку и да ве лаже некој, нема безбедна зона од болестите и од смртта.

Ви напишав непосредно пред Пасхалната ноќ да не се плаши срцето ваше – ние сме Христови, Христос е наш. Нашата иднина е светлината на Воскресението и Царството Небесно, но попат мораме да застанеме на својата лична голгота, да се распнеме, да умреме и да се погребаме со Оној Кој нѐ предупреди дека ќе имаме многу жалости во светот. Единствено на крстот се учиме на последното совршенство, љубовта кон непријателите.

Затоа и ви напишав дека ќе се молам во вашите срца да остане само Невечерната светлина на Воскресението и љубовта, по тоа ќе нѐ познае овој свет дека сме Христови и дека Христос ја победи смртта и дека нема смрт. Не грижете се и оставете ги нека зборуваат дека сме безумни и примитивни. Тоа не е ново карактеризирање на христијаните. Тоа е така бидејќи ние, едноставно, не се плашиме од смртта, зашто знаеме дека жив е нашиот Бог и ние живи ќе бидеме.

Светот не може, т.е не сака да ја прими таа вистина, и никогаш нема да ја прими, до крајот на векот. Но, ние сме должни со цврстината на нашата вера и со надежта во Воскресението да го љубиме овој свет и да се молиме за него на секоја Света Литургија, бидејќи Бог го создал, и да му ја објавуваме нашата радост додека Тој повторно не дојде.

Христос Воскресе!

Христос Воскресе!

Христос Воскресе!

Викарен Епископ Јаков Стобиски

 

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7272

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

« »

Православен календар

 

20/09/2024 - петок

Св. маченик Созонт; Св. апостоли Евод и Онисифор; Св. маченик Евпсихиј; Св. Јован, архиепископ Новгородски; Преп. Касијана Песнописателка ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ  7 септември / 20 септември 2024

Тропар на светиот Христов маченик СОЗОНТ 7 септември / 20 септември 2024

Поучувајќи се во Законот Господов ден и ноќ,гледајќи дека овците бесловесни го бараат пастирот свој,ти Созонте мачениче пред нозе Христови...

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2024

Тропар на чудата на св. Божји архангел Михаил 6 септември / 19 септември 2024

Сину на послушноста, вонмен од твојата уста секогаш ќе одекнува,о сило побрза од молњата,

Тропар на свeтиот пророк Захарија и светата праведната Елисавета 5 септември / 18 септември 2024

Тропар на свeтиот пророк Захарија и светата праведната Елисавета 5 септември / 18 септември 2024

Со свештенчката одежда заштитен,премудри Захарие Божји,жртва благопријатна, свештено си принесувал,бивајќи светилник и тајновидец,

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная