логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Во она време, Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исуса Христа за простување на гревовите; и ќе примите дар од Светиот Дух. Зашто за вас е ветувањето, за вашите деца и за сите што се далеку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.” И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!” И така оние, што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се присоединија во тој ден околу три илјади души. И беа постојани во учењето апостолско, во општувањето, во кршењето леб и во молитвите. И страв ја обзеде секоја душа, зашто многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите. Дела 2,38-43

Меѓу фарисеите беше еден човек по име Никодим, кнез јудејски. Тој дојде при Исуса ноќно време и Му рече: „Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чудеса, што ги правиш Ти, ако не е со него Бог.” Му одговори Исус и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.” Никодим Му рече: „Како може човек да се роди, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?” А Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо; зашто, роденото тело од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е. Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора. Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Дух.” Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?” Исус одговори и му рече: „Ти си учител Израилев, па тоа ли не го знаеш? Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она, што знаеме, и сведочиме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате. Кога за земни работи ви зборував и не верувавте, како ќе поверувате, ако би ви говорел за небесните? Никој не се искачи на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото и Кој пребива на небото. И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки, та секој што верува во Него, да не загине, но да има живот вечен. Јн. 3,1-15

3.angeli.so.truba

Ерусалим

+++

Навистина, добродетелен е трудот на оние што со здрави причини ја побиваат лагата што упорно се крева против вистината на Воскресението. И ти читај ги и вооружај се со тие причини. Но, при сето ова не биди мрзелив во себе да направиш што е поголемо место за влегување на силата на Воскресението Христово. Што повеќе се трудиш, толку повеќе ќе дишеш со воздухот на Воскресението, и толку побезопасни ќе станат сите ѓаволски стрели што се насочуваат против оваа вистина. Ќе прашаш: „Што треба да направам околу тоа?“ Ништо посебно! Само биди тоа што треба да бидеш според заветот што си го дал на светото Крштение, кое и е наше Воскресение! Плукна на сатаната и на сите негови дела: продолжи на ист начин да се однесуваш кон него. Се соедини со Христа: остани со Него. Делата на темнината и на светлината се познати. Од првите бегај, а ревнувај за вторите. Ова прави го без никакви отстапки, ни најмали, за да го запазиш правилото: нема ништо заедничко меѓу светлината и темнината, ни меѓу Христа и Велијар.

 

Св. Теофан Затворник



Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: https://pravoslavie.mk/svetol-chetvrtok/ .

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

« »

Православен календар

 

26/07/2026 - недела

Светиот Архангел Гавриил; Свети Јулијан, епископ Кеномански во Галија; Преподобен Стефан Саваит; Преподобна Сара Мисирска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули  2026

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули 2026

На небесата гледајќи ја Божјата слава, а на земјата давајќи благодат од висините, началнику на ангелите, мудри Гаврииле, на Боќјата...

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2026

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2026

Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога,

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная