Митрополит Струмички Наум: За комфорот (26.09.2020)
Од една страна, постојано тежнееме да ни биде убаво – што е нормално, затоа што Бог не нѐ создал за да страдаме; а од друга страна, ние често страдаме (ако не физички, тогаш психички) – што е, исто така, нормално, поради падот.
Прашањето е како да најдеме рамнотежа помеѓу овие две состојби – помеѓу тежнеењето кон физичката и душевна благосостојба и реалноста во која страдаме?