логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT1096

Светиот Синод на Православната Црква на Грција

           Свештениот Синод на Јерархијата на Црквата во Грција на 23 јануари 2024 година се собра на вонредна седница со единствена тема, да расправа околу прашањето по однос на објавеното озаконување на брак и „посвојување деца“ за истополовите двојки.

По вообичаената молитва, членовите на Светиот Синод го слушнаа излагањето на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Месогеја и Лавриотика г. Николај, по што следеше дискусија, на која се изразуваа ставовите на Црквата на Грција во врска со оваа тема, после што беше објавено:

1. Теологијата на Црквата за бракот произлегува од Светото Писмо, од учењето на Отците на Црквата и од одредбата за Светата Тајна Брак и се покажува јасно во чинот на тоа Таинство.

Целта на христијанскиот брак е да се создаде добра брачна заедница и семејство, да се одгледуваат деца како плодови на љубовта во Христос на двајцата сопружници и нивната поврзаност со црковниот живот.

Црквата во однос на врската маж – жена и на децата прифаќа:

а) двојноста на половите и нивната комплементарност не се социјални измислици, туку потекнуваат од Бог. („И Бог го создаде човекот, по образ на Бога го создаде, маж и жена ги создаде. И Бог ги благослови, велејќи: плодете се и множете се…“ Бит.1, 27 – 28);

б) Светоста на заедницата помеѓу мажот и жената е слика на односот помеѓу Христос и Црквата. („Оној кој ја љуби жената своја, се љуби себеси… оваа тајна е голема, но јас ви зборувам за Христос и за Црквата“, Еф. 5, 28);

в) христијанскиот брак не е обичен договор за соживот, туку Света Тајна, преку која се дава Божјата благодат во врската на заедничарење на мажот и жената, со цел да се постигне нивниот заеднички пат кон обожение, а овој благословен пат се однесува на сите парови со или без деца;

г) таткото и мајката се составни елементи на детскиот и на возрасниот живот („Почитувај ги татка си и мајка си“, Исход 20, 12);

2. Очигледно дека Државата ги носи законите, но овој параметар ниту ја лишува Црквата од слободата на изразување, ниту ја ослободува од должноста да ги информира верниците, ниту може да укаже во што се состои гревот. Црквата не носи закони и не е одговорна за законите. Меѓутоа, ако премолчи, сноси најтешка одговорност и се самоукинува.

3. Договорот за заедничко живеење од 2015 година им ги даде на истополовите двојки сите права и можности кои произлегуваат од бракот, само со еден исклучок: неможноста за добивање деца преку посвојување или сурогатна бременост. Мотото „еднаквост во бракот“ има една цел: стекнување на деца од страна на истополовите двојки.

4. Беше објавено дека ќе се дозволат „истополовите бракови“ и „истополовото родителство“ преку посвојување и (со разни методи) преку сурогатна бременост.

Инспираторите на предлог-законот и неговите поддржувачи го промовираат укинувањето на татковството и мајчинството, претворајќи ги во неутрално родителство, го промовираат исчезнувањето на улогата на двата пола во семејството и го ставаат сексуалниот избор на хомосексуалните возрасни над интересите на идните деца.

Врз основа на предлог-законот, истополовите самохрани родители ќе можат на своето дете да му го наметнат својот партнер како „татко 2“ или како „мајка 2“.

6. Оваа законска иницијатива ги осудува идните деца да растат без татко или мајка, во една конфузна средина на родителските улоги. Семејството со еден родител е различен случај. Тоа предизвикува лишување од едниот родител, но не и конфузија на родителските улоги.

За разлика од тоа, хомосексуалното живеење ги предизвикува и двете. Покрај тоа, овие деца многу често нема да имаат можност да го запознаат својот биолошки родител. Исто така, нема да имаат лично искуство од присуството на спротивниот пол (за разлика од нивните хомосексуални родители) во хетеросексуална врска. Децата со татковци 1 и 2 или со мајки 1 и 2 (или повеќе) ќе бидат жртви на неприроден механизам на родителство.

7. Беше обнародено дека:

а) на истополовите двојки ќе им биде дозволено заедничко посвојување и посвојување од страна на истополовиот сопруг на родителот (што ќе важи и за денешните деца од сурогатната бременост);

б) во Грција нема да биде дозволена сурогатната бременост во корист на истополовите двојки, но ќе биде признаена доколку истата е легално направена во друга држава. Овие аранжмани ќе бидат поттик за експлоатација на ранливи жени.

Доколку ова се случи, станува збор за миниран предлог-закон со контрадикции и начини за заобиколување на забраните (преку бременост во странство), и така постои можност Грција да биде осудена од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) поради дискриминација, така што земјата ќе биде принудена и на својата територија да ја легализира сурогатната бременост.

7. Предлог законот не само што ги укинува нормите за биоетика, христијанските вредности и грчката семејна традиција, туку ги отфрла и правата на идните деца и улогата на половите како елементи на кохезијата во општеството – и тоа се однесува на секој, па макар некој и да не го прифаќа христијанскиот морал. Прашањето кое лебди неодговорено е: Која е суштинската причина за носење на оваа одлука, која целосно и темелно ја менува институцијата на бракот и на родителството и зошто е толку упорно промовирана?

8. Црквата на Грција ја признава само Светата Тајна на христијанскиот брак и го отфрла граѓанскиот брак без разлика на полот. Во овој случај, таа се спротивставува на граѓанските бракови на истополовите двојки, поради дополнителната причина, имено тоа што тие неизбежно доведуваат до истополово родителство преку посвојување или сурогатна бременост.

Оваа законска поставка е во спротивност со христијанската антропологија, како и со обврската на општеството да им обезбеди на децата благосостојба и правилно воспитување, но и со правото на децата да имаат татковско и мајчинско присуство и грижа.

Поради сите наведени причини и со чувство на пастирска одговорност и љубов, нашата Света Црква е категорично против предложениот предлог-закон.

9. Светиот Собор на Јерархијата одлучи:

а) да напише писмо во врска со своите ставови до почитуваните членови на Парламентот на Грција;

б) да го испрати ова соопштение до Светите храмови во недела, 4 февруари 2024 година и на народот да им овозможи достапен информативен материјал – проспекти, кои ќе се делат во Светите храмови. Ова соопштение ќе биде поставено и на веб-страницата;

в) да го задолжи секој почитуван Митрополит да продолжи, во рамките на својата епархија и во текот на својата пастирска грижа, со иницијативи за информирање и подигање на свеста, во однос на претстојната законска поставка и на институцијата на семејството.

 

Извор: Православна Црква на Грција

https://bigorski.org.mk/etika/stav-na-crkvata-na-grcija-za-istopolovite-brakovi-i-za-posvojuvanjeto-deca-od-nivna-strana/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная