Жива сум! Поради неговите молитви
Те очекуваат големи испитанија.
Секако, тогаш не знаев на што мисли тој, но сфатив кога по извесно време ме снајдоа тешки здравствени проблеми. Дијагнозата беше страшна – саркома на рбетниот столб со метастази по целиот скелет. Докторот ми предвиде уште три месеци живот. Заради неиздржливите болки набрзо ме ставија на терапија со морфиум. Чувствував како сѐ повеќе ја губев силата. Една вечер ги отворив очите и го видов старец Гаврил, застанат над мојата глава.