ВЕЛИКА ИЛИ СТРАСНА СЕДМИЦА - НА СВЕТИОТ И ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК (02.05.2024)
Ирмос: Крајната бездна гревовна ме обзеде и, не поднесувајќи ги повеќе брановите, како Јона Ти викам: Господи, од гнилежот изведи ме.
О ученици, вие ме именувате Господ и Учител! И навистина тоа сум, си викал, Спасителе. Затоа, подражавајте го примерот што во Мене го видовте.
Оној што нема скверна, нема потреба од миење на нозете. И вие, ученици, чисти сте, но не сите, зашто во