ИВАН С. ТУРГЕЊЕВ - ЖИВИ МОШТИ
-И ете, од таа случка, - продолжуваше Лукерја – почнав да венеам, да се сушам, р`ѓа ме зафати, ми стана тешко да одам, а после не можев ни да владеам со нозете. Дојде ред да не можам ни да стојам, ни да седам: се` полошо и полошо. Вашата мајка, по својата добрина, ме покажуваше на лекари и ме испрати во болница. Но, од сето тоа мене не ми стана подобро. И ниеден лекар не знаеше да каже каква е мојата болест.