логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Многу ја сакам поемата на Веритис, „Дружење со Христос“. „Копнеев да доживеам дружба со Христа, Неговата  топла љубов да ја затворам во градите. А градите се тесни и се  отвараат и шират, и колку што повеќе љубат, толку повеќе не  можат да се заситат“.

Никако не можеш да се заситиш. Колку повеќе пиеш  вино, толку и уште повеќе сакаш да пиеш. Колку повеќе ѝ се  даваш на Христовата љубов, толку и уште повеќе сакаш да се  даваш. Него треба да Го возљубиме со сета наша душа, срце,  сила, разум. Приклучокот на нашето срце треба да го вклучиме во  Неговата љубов, за да се соединиме со Него. Господ тоа не го  бара за Себеси, од егоизам, туку заради нас, за да ни дарува сè,  радост, среќа.

Поетот успеал во тоа. Го возљубил Христос и бил  возљубен од Него. Ја нашол тајната на Божјата љубов. Не е  тешко, туку, напротив, многу е лесно да го откриеме тоа. Тоа  зависи од начинот на живот и од подготовката, и бара поседување на православен дух.

Таа љубов, тој ерос и тој ентузијазам те носат дури и во мачеништво. Прават да се жртвуваш, да не се плашиш од  ништо и ништо друго да не земаш предвид; да бегаш далеку, во  пештери и по краиштата на земјата. Ова божествено лудило го  имал и светиот Јован Каливит, кој мене ми беше инспирација.  Светителите и мачениците, поаѓајќи од божественото лудило,  не се колебале во ништо, трчале кон мачеништво со радост  и восхит. Оној кој повеќе љуби, повеќе дава, а оној кој љуби  премногу, што соодветно може да даде? Тој се дава себеси!

Да Го возљубиме Христос, и тогаш од нас со копнеж,  топлина и со божествена љубов ќе излегува Христовото име,  и ќе Го повикуваме Неговото име таинствено, без зборови.

Да стоиме пред Бога со копнеж, смирено, и да одиме по Неговите траги. Христос да нè ослободи од секој детаљ на нашиот  стар човек. Да молиме да ни дојдат солзи пред молитвата. Но  внимание! „Да не знае вашата лева рака што прави десната“.  Молете се скрушено: „Христе мој, дали сум јас достоен да ми  дадеш таква благодат?“ И тогаш тие солзи стануваат солзи од  благодарност. Трогнат сум; не ја извршував Божјата волја, но  ја барам Неговата милост.

Молете Му се на Бога со радост, копнеж и љубов,  во тишина, со кротост, меко, без силување. Кога ја кажувате  молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме“, кажувајте ја  полека, смирено, благо, со божествена љубов. Со сладост изговарајте го Христовото име. Зборовите кажувајте ги еден по  еден, „Господи… Исусе… Христе… помилуј ме“, благо, нежно,  љубовно, молчаливо, таинствено, умствено, но и со издигнување  кон Бога; со копнеж, со љубов, без притисок, без присила или  недолично нагласување, без стегање и грч. Како се изразува  мајката, која го љуби своето дете? „Детенце мое… ќеркичке  моја… Панајоти мој… Ристаки мој“. Со копнеж и радост! Во тоа се состои целата тајна. Тука зборува срцето. „Детенце мое,  душо моја!“ „Господи мој, Исусе мој, Исусе мој, Исусе мој…“  Она што го имаш во твоето срце и во твојот ум, го изразуваш  „од сето твое срце и од сета твоја душа и со сета твоја сила и со  сиот свој разум.

Понекогаш е добро гласно да ја кажувате молитвата  „Господи Исусе Христе, помилуј ме“, за да слушаат и сетилата,  да слуша и увото! Ние сме и душа и тело, и има заемно влијание помеѓу нив.

Меѓутоа, кога ќе се вљубиш во Христос, тогаш ги  претпочиташ молчењето и умствената молитва. Тогаш запираат зборовите. Внатрешното молчење и тихување е она што  и претходи, ја придружува и последува Божјата посета, односно  божественото соединување на душата со Бога. Кога ќе се најдеш во таа состојба, не се потребни зборови. Тоа е нешто што  го живееш, и нешто што не се објаснува. Само оној кој ја живее  таа состојба, може да ја разбере. Чувството на љубов те преплавува, те соединува со Христос. Се исполнуваш со радост и  веселие, а тоа покажува дека во себе ја имаш Божјата љубов,  совршената љубов. Божјата љубов е несебична, едноставна,  вистинска.

Најсовршениот начин на молитва е тихувањето. Молчење. „Да молчи секое тело човечко. Тука се случува обожението, во молчењето, тихувањето, во тајната. Таму се извршува вистинското богослужение. Меѓутоа, за да го доживеете тоа, треба да достигнете до таа мера. Тогаш зборовите отстапуваат. Сетете се: „Да молчи секое тело човечко“. Таквиот начин на молчење е најсовршениот начин. Така се обожуваш. Влегуваш во Божјите тајни. Ние не треба многу да зборуваме, туку да оставаме да зборува благодатта.

Ја кажував молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј  ме“, и се отвораа нови хоризонти. Од моите очи течеа реки од  солзи на радост и веселие заради Христовата љубов и Неговата  крстна жртва. Копнеж и радост! Тука се крие величието, рајот.  Овие пет збора ги кажуваш со копнеж и радост, од срце, за-  тоа што Го љубиш Христос. И така полека се губат зборовите.  Срцето е толку исполнето, така што е доволно да кажеш еден  збор, „Исусе мој!“, и крај, ни еден збор. Љубовта подобро се изразува без зборови. Кога една душа навистина ќе се  вљуби во Господа, тогаш ги претпочита молчењето и умствената молитва. Поплавата на Божјата љубов ја исполнува душата  со радост и веселие.

Таа душа претходно се извежбала во Псалтирот, Октоихот, Минеите итн., а сега зборовите запреле. Длабоко во себе го доживува Божественото смирение. Христос слегол и се вселил во неа, и таа го чувствува Божествениот глас. Се наоѓа и во светот и надвор од светот. Се наоѓа во рајот, односно во Црквата, во несоздадениот рај. Игнатиј Брјанчанинов вели:

„Многу посакувана е молитвата на срцето, многу посакувано е молчењето на срцето, многу посакувано е да живееме во најизолираната пустина, затоа што тие услови се особено поволни за молитвата на срцето и за молчењето на срцето.“

Молчењето на срцето е ништо да не те расее, и да живееш сам пред Самиот Бог.

Бог е насекаде присутен и сè исполнува. Се обидувам  да полетам во бескрајот, во ѕвездите. Мојот ум тоне во величието на Божјата семоќ, размислувајќи за растојанијата од милиони светлосни години. Сесилниот Бог го чувствувам пред мене и ги отворам рацете и ја отворам мојата душа да се соединам со Него. Да се причестам со Божеството…     

Извор: Бигорски манастир

28ми јануари лето Господово



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7699
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная