Тропар на светиот апостол Филип 27 ноември/14 ноември 2025
Празнува вселената, ликува Етиопија,
како со венец украсена, од тебе просветувајќи се,
светло го слави твојот спомен,
богоглаголив Филипе.
Празнува вселената, ликува Етиопија,
како со венец украсена, од тебе просветувајќи се,
светло го слави твојот спомен,
богоглаголив Филипе.
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од испуканата земја на твоето срце. Не чекај состојба на екстаза или душевен занес. „Тагувајте и плачете“ (Јак. 4:9). Присети се на својата смртност и викај кон Господа за милост.
Во согласност со светите канони и свештеното предание на Православната Црква, подготвена е богата и внимателно осмислена програма за живопис, обликувана во духот на старо-македонскиот византиски стил, кој со векови го красел православниот храмовен живот на нашите свети простори.
Прокло му го опишал изгледот на човекот, како тој стоел блиску до него и му зборувал нешто на уво. Потоа, кога ја погледнал иконата на свети апостол Павле, која била на ѕидот, и рекол: - Еве, овој беше човекот кој беше кај тебе ноќеска! Самиот св. Ап. Павле се јавувал ноќно време на св. Јован Златоуст и му ги
Од устата твоја како светлина огнена
блесна благодатта која ја просветли вселената.
Ризница на несреброљубие за светот стекна,
а нам ни ја покажа висината на смиреномудрието.
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една иста работа. Тоа не е слобода. Тоа не е напредок. Тоа е ропство – тивко, удобно, блескаво, но ропство.
А духот, за да живее, бара едно: простор за молитва, тишина во која ќе го најде местото на срцето, и Бог – Оној за кого е создаден и со Кого ќе живее вечно.

Луѓето кои се надвор од Црквата и духовниот живот често гледаат во христијанството само забрани.
Велат: измислиле табуа и ограничувања,
само за да им го искомпликуваат животот на луѓето.
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој божествен дар – за тоа постои голема наука, духовната наука. Наука над сите науки, како што и животворниот Божји здив е над сите создадени нешта. Таа наука не
2 ДЕН (20.12.2025 сабота): Пристигнувањето во Неа Макри во манастирот Свето Благовештение е предвидено во утринските часови и поклонување на моштите од свети Ефрем Нови. Потоа патот продолжува кон Пиреа и островот Егина, следи сместување во манастирските конаци на Свети Нектариј и ноќевање.
Историјата на иконата е поврзана сo светогорскиот манастир – Дохијар, во кој првпат била пројавена благодатната сила на оваа чудотворна икона. Се претпоставува дека иконата била насликана во 10 век, за време на игуменот на Дохијарската обител, преподобен Неофит. Околу

На некој начин можете да бидете сигурни дека Божествената Промисла ја сочувала целата света икона неповредена во текот на толку многу години, за да подоцна е извор на чудеса и исцеленија во слава на Бога. Првиот опит на чудотворната сила ја јави таа на трпезата на тој манастир на следниов начин.
Семинарот, со годинашна тема „Млади и православни: Живеење на верата денес“, собра млади од речиси сите македонски православни заедници, како и учесници од други помесни православни Цркви и различни националности. Оваа широка и разнолика
Бог ги создал ангелските чинови уште пред создавањето на светот и човекот. Како што вели свети Григориј Палама, Бог „ги создаде ангелите пред нас, заради нас, за да се испраќаат како ѓакони (служители)“. Свети Јован Дамаскин вели дека тоа се духовни битија, постојано во движење, слободни, бестелесни, кои Му служат на Бога и по благодат се бесмртни.
Во врска со празникот на светите Архангели, да видиме како се однесуваат ангелите, како предстојат пред Бога и како се манифестираат пред луѓето. Ние, православните, ја ползуваме привилегијата преку богослужбените книги да ги познаваме житијата на светителите, како и догматската и духовната содржина на празниците; боголужбата во нашата Црква дејствително ги содржи во себе и небото и земјата.
Архистратизи на небесните воинства,
ние недостојните постојано ве молиме:
со вашите молитви заштитете нѐ,
под покровот на крилјата на вашата слава
невешествена, пазејќи нѐ нас кои усрдно пред вас
Оваа книга изобилува со размисли коишто ја откриваат внатрешната и надворешната страна на Исусовата молитва. Таа молитва, во православната духовност, е, всушност, непопречен пат којшто нѐ води кон тоа нашиот живот да стане едно со животот на Спасителот – Господ Исус Христос.
Кога така ќе се разбере, молитвата е наука над науките и уметност над уметностите. Уметникот работи со глина, бои, зборови или музички тонови и според својата умешност му дава на материјалот форма, полнота и убавина. Но за оној што се моли, материјалот е самата жива човечка природа.
Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно демоноопседнатите, сепак можеа слободно да одлучат дали ќе го прифатат Христос и
Кој може да ѝ помогне на вистината против лагата, а не ѝ помогне,
тој ѝ помага на лагата.
И кој може да ѝ помогне на правдата против неправдата,
а не ѝ помогне, тој ѝ помага на неправдата.
Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан – во сослужение со Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Повардарски г. Агатангел и Европски г. Пимен – богослужеше Света Литургија во храмот посветен на овој славен великомаченик, во нас. Чаир.