Реалноста на мојот живот е дека ќе паѓам, ќе грешам, ќе тагувам, ќе бидам повреден, пак ќе станам, пак ќе паднам и сето тоа се вика живот. Бидејќи да се биде во светот е многу тешка авантура која често е многу болна. Реалноста е навистина толку маргинална ако го нема Христос во неа. Животот без Христос и без можност да се надеваме на Христовото воскресение е живот полн со болка,
Меѓу благословените и свети традиции на нашата Црква е и прекрасната богослужба што ја имаме: да ги читаме статиите на Богородичниот Акатист секоја петочна вечер за време на Великиот и Свет пост, да се собираме сите верни во храмот и да и пееме на Пресвета Богородица
Глас четврти:
Денес е почеток на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева, и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богордица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!
На 2.4.2023 година, петтата недела од Великиот пост, посветена на св. Марија Египетска, а воедно и ден кога Црквата ги прославува и св. мч-ка Фотина и преп. мч. Јован Палестински, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше на Светата Василиева Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Чаир.
07.04. (петок), Благовештение на Пресвета Богородица Литургија во манастир „Св. Никола“, село Љубанци – отец Горан Димковски Литургија во манастир „Св. Благовештение“, село Бањани – отец Даниел Џепиќ Литургија во манастир „Св. Благовештение“, село Побожје – отец Звонко Аговски 08.04. (сабота),
Ако живеете во заедница со другите, служате им како на самиот Бог, и за својата љубов љубов не барајте, ниту за смирението пофалби, ни за служението благодарност. Пред да кажете нешто, размислете нема ли вашиот збор или дело да го нажалат Бог или ближниот.
Знаејќи го ова се уверуваме дека лебот што го гледаме не е леб, иако со вкусот се чувствува, туку тело Христово; и виното што го гледаме не е вино, иако според вкусот така изгледа, туку крв Христова. За ова и Давид одамна пеел: „И лебот срцето на човекот го крепи, и душата се
Токму во оваа насока, поучно и утешително нам грешните може да ни nослужи целокуnниот живот на света Марија Егиnетска, кој е восхитувачки поради нејзините големи подвизи. Да размислиме за нашите гревови, но тие да не не соблазнат и одведат во очај. Еве,пред нас имаме nример на голема грешница и на големото милосрдие Божјо кое се nростува.
Ете, св. Марија Египетска ни покажа каков е клучот од заклучените врати, како да го најдеме, како да ги отклучиме, та најпосле да влеземе. Појдете по тој пат сите вие кои имате потреба. А кому не му е потребно тоа? Значи, да појдеме сите. Никој нека не одбива, никој да не заостанува зад другите, никој да не губи надеж. Домаќинот ги повикува сите и сите ги чека. Да појдеме, еден со друг да се поттикнуваме и еден со друг да се бодриме.
Скопје, 2ви април 2023 год.- храм на св.арх. Михаил на празникот на св.вмч. Фотина и преп.Јован Палестински
Авва Зосим појде и на она место го најде нејзиното мртво тело, а над главата натпис: „Погребај го, авво Зосиме, на ова место телото на смирената Марија, предај му го правот на правот, се преставив на први април, во ноќта на спасоносното Христово страдање, по причестувањето со Божествените Тајни“.
Не можам само да разберам како земјата тогаш ме носеше, и како за време на пловењето морето не ме голтна мене, којашто ги вовлеков во смртниот грев толкуте луѓе! И мислам дека Бог го чекаше моето покајание. Го чекаше со долготрпение, како татко кој љуби не сакајќи ја смртта на грешникот.Конечно, стигнавме во Ерусалим. Останаа неколку дена до празникот.
Денес си споменуваме на света Марија Египетска, светијата од која можеме да се научиме на многу нешта кои нам ни се нужни. Таа најнапред била грешница чија гревовност ја знаеле сите, жена која претставувала предмет на искушение и соблазна за сите. Како станала грешница не знаеме. Дали злото суштествувало во неа самата? Или, пак, била соблазнена, подвргната на насилие? Како станала блудница нема никогаш да дознаеме.
Многу луѓе, цели поколенија, а и секој од нас, има опит на минати грешки, опит на живот по свое, а не по Божјата волја, опит на задлабочување во мртвата суета на псевдо-животот.
И само чудото на Божествениот допир, чудото на Христовата Љубов
може да го извлече човекот од лепливите и цврсти
Кога го прочита овој напис, старецот најпрво се запраша, кој го напишал ова. Зашто таа, како што самата му имаше кажано, не знаеше да пишува. Но, многу се зарадува што го дозна името на преподобната. А, дозна и тоа дека таа минатата година, во истата ноќ кога се причести, стигнала до потокот, до кој, тој самиот мораше да патува дваесет дена, и веднаш си заминала кај Бога.
Се принудував себеси да влезам, но попусто, бидејќи штом својата грешна нога ќе ја ставев на прагот, некоја неочекувана, невидлива сила веднаш ме спречуваше и јас се враќав назад во тремот. И така се обидував три - четири пати, но се беше попусто; не можев да влезам. Преморена од срам и изненадена, се повлеков настрана и застанав во еден агол од тремот на храмот. И кога едвај, малку се прибрав, јас се запрашав себеси: