логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 св. Теофан Затворник

За петтата недела од Великиот пост


Колку веќе недели пееме: „Вратите на покајанието отвори ми ги, Животодавче!“ И секогаш од Бога добиваме одговор кој нè утешува и нè поттикнува на покајание -  без оглед дали е во Евангелието, или во сеќавањата врзани за деновите од неделите. Делото на покајанието наликува на Домаќин, Кој седи во Своите внатрешни одаи и Кому, некои луѓе, барајќи влез што води до Него, од надвор Му повикуваат: „отвори ни, отвори ни ја вратата!“ А, Домаќинот, одвнатре, на еден му одговара: влези, вратите се отворени; на друг: вратите не се заклучени, само се подзатворени, отвори и влези; на трет: клучот е таму надвор; најди го, стави го во бравата, сврти како што прилега на клучалката, и кога ќе отвориш – влези! Разни луѓе, разни одговори за нив и разни напори за влегување низ вратите. Но сите, наоѓајќи се пред вратите, смело влегуваат внатре; приближувајќи Му се на Домаќинот, Му се фрлаат пред нозете, се удостојуваат со Неговата милостива прегратка и приоѓаат уште поблизу да се утешат од Неговата близина, која ги дарува сите блаженства. Дали ви е јасна оваа порака?

Домаќинот е Господ, Кој ги прима грешниците што се каат и повторно ги приближува кон Себеси. А, од оние кои Му пристапуваат, кои се тие првите што ја наоѓаат вратата отворена? Тоа се оние, кои после претходната исповед и светата Причест, останале чисти од секаков грев, и мислите и чувствата свои не ги извалкале со никаква нечистотија и кои огнот на ревноста го сочувале неизгаснат. Кои се, пак, оние другите, што ја најдоа вратата подзатворена? Тоа се оние, кои понекогаш попуштале во ревноста на богоугодувањето, понекогаш се предавале на безгрижност и немарност и кои се сочувале себеси од смртни гревови, но сепак, мислите и чувствата свои не секогаш ги чувале чисти пред Бога. Кои се третите, за кои вратите се затворени и клучот фрлен, така што допрва треба да го бараат? Тоа се оние што паднале во смртен грев, се потчиниле на страстите и грешните навики, и така стасале до скаменета нечувствителност, до безгрижност и заслепеност.

На некоја од овие три групи припаѓаме и ние. И во која ќе се вброиме себеси: Во првата? Ќе се најде ли таков? Во втората? И тие се ретки. Останува да се вброиме во третата. Блажени се првите. Ни на вторите не им е лошо. Но, нема да изгубиме надеж и ние, кои сме обременети со гревови и од страстите ограничени. Спремен е Господ и нас да нè прими, и нас нè повикува, и нас ќе нè прими кај Себе. Па нека се вратите заклучени и клучот којзнае каде: ќе го побараме и ќе го најдеме, ќе ја отвориме вратата и ќе влеземе кај Бога. Залогот на успехот е св. Марија Египетска, на која, ете, денес се сеќаваме. За неа немаше пристап и влез низ вратата. А, Господ ѝ дарувал да се вразуми и да влезе внатре. Да појдеме по нејзините стапки и сè ќе постигнеме.

Што се случи со таа, за која вратите што порано беа затворени, одеднаш се отворија? Таа ништо посебно не правеше. Стоеше на страна и никој од неа не слушна ни глас. Но, само еден миг подоцна, се приближи таму каде претходно не можеше. Значи, таа во тој момент го најде клучот и со него ги отвори вратите, и ги отстрани сите препреки. Токму тој момент треба малку по внимателно да го разгледаме и да ја разбереме неговата сила. А, што всушност се случи тогаш?

Сами гледате дека надворешно не се случи ништо, туку дека сè беше во врска со внатрешната промена на мислите и чувствата. Ја видов, вели, сета бездна на гревовите и ме опфати ужас од чувството на гневот Божји, кој беше спремен да ме порази заради гревовите мои. Се згнасив од мојата страст што ме погубуваше, се одвратив со срцето од неа и ја замразив. И Му се заветив на Бога, дека нема веќе да се навраќам на претходните гадотии и дека само Нему ќе Му служам во сите денови на мојот живот, имајќи Ја за застапница Пресветата Богородица, Која Го роди. Ете што се случи! Внимателно погледнете и тука ќе го најдете клучот, и отклучувањето на вратите и нивното отворање.

Каков е тој клуч за вратите на покајанието? Тоа се скрушените, покајни чувства: чувствување на својата грешност и вина заради неа, чувството на гневот Божји поради гревовите и ужас од него, чувствување на скрушеност и каење поради сите гревови.

Во што се состои отклучувањето со кое се отвораат затворените врати? Во гнасење од гревот, во омраза и одвраќање на срцето од него и во обраќање на срцето кон Бога и кон богоугодни дела.
Во што, пак, се состои отворањето на вратите на покајанието? Во цврстата и непоколеблива намера да не се навраќаме на претходните зли дела и во искрениот завет да Му служиме само на Бога, во сите денови од животот кој ни преостанува. Значи – да ги видиме гревовите, да се скрушиме и да се нажалиме заради нив и да се обратиме кон Бога, ветувајќи дека нема да се навраќаме на страстите и гревовите – така вратите ќе ни се отворат.

И доколку сè е направено како што треба, дали уште во истиот миг ќе влеземе внатре?  Сеуште не! Треба да се добие одобрение за влез. Ова одобрение се добива преку исповедањето на сопствените гревови, а ни се дава преку разрешување на гревовите од страна на нашиот духовен отец. После тоа, останува само да влеземе, да Му се приближиме на Домаќинот и да се удостоиме за Неговата прегратка, та да останеме во Неговата близина. Тоа се случува преку Светата Причест. 


Ете, св. Марија Египетска ни покажа каков е клучот од заклучените врати, како да го најдеме, како да ги отклучиме, та најпосле да влеземе. Појдете по тој пат сите вие кои имате потреба. А кому не му е потребно тоа? Значи, да појдеме сите. Никој нека не одбива, никој да не заостанува зад другите, никој да не губи надеж. Домаќинот ги повикува сите и сите ги чека. Да појдеме, еден со друг да се поттикнуваме и еден со друг да се бодриме. На оној што стои ќе му кажеме: зошто стоиш, зарем сакаш да останеш надвор од Неговиот блажен дом, зошто се препираш и не сакаш да тргнеш? Зар ти не извикуваш заедно со Црквата: „Вратите на покајанието отвори ми ги, Животодавче“ или тоа само со јазикот го правиш, а не и со срцето:? И зошто стоиш? Фати се за работа. Сè ти е при раце. Малку труд и сè ќе најдеш и во сè ќе успееш. Еве го и клучот; гледај како треба да отклучиш и како вратата да ја отвориш и одобрение за влез да добиеш. Ете, погледни низ вратата која другите ја отвораат и кон рацете на Отецот, кои кон тебе се подадени, подготвени да те примат. Зарем, уште ќе се двоумиш, безгрижно игнорирајќи сè околу себе и бескорисно трошејќи го краткото и драгоцено време.

Да, браќа, веќе е прекратко тоа драгоцено време! Тоа време е времето на постот и покајанието. А, од него ни остана уште нешто повеќе од една недела. Си пропуштил. Дали повторно ќе го дочекаш? Ова им го зборувам на оние кои се уште не се помириле со Бога и кои се натоварени со мноштво гревови. Јас зборувам заради опомена, да не би некој, одложувајќи го постењето од недела за недела, го одложи и сосема во текот на овој пост. Потоа цела година ќе се измачува под товарот на многуте гревови и гневот Божји заради нив. И ќе биде добро ако преживееме до следното пригодно време. Инаку, и на оној свет ќе појдеме непомилувани; таму, секако, ќе ни ја отворат вратата, но повеќе не вратата на покајанието, туку ќе нè турнат низ онаа другата врата и засекогаш ќе нè заклучат; А, таму нема да нè дочека прегратката на Отецот, туку неизгасливиот оган, црвот кој не спие и духовите на злобата, нашите непријатели.

Потсетувајќи се на тоа, да побрзаме, браќа, да ја отвориме за себе вратата на покајанието, по примерот на преподобната Марија Египетска, и по нејзините молитви Господ сите да нè вразуми и приведе кон тоа за нас, толку неопходно дело. Амин.   

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная