Великиот Пост – чин на љубов
Утрешниот ден, понеделник, го означува почетокот на Великиот пост во Православната Црква [литургиски, понеделникот – а со тоа и постот започнува на Вечерната претходниот ден, Прочка, односно Неделата на изгонувањето Адамово од Рајот]. Иако за време на Великиот пост луѓето се придржуваат до некои повеќе или помалку строги правила, би рекол дека во тој период од верниците не се бара ништо особено, или ништо што не се бара во преостанатите денови од годината.