Толкување на Божествената Литургија - ново издание
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Толкување на Божествената Литургија“, дело на Митрополитот Козански г. Дионисиј. Оваа книга е одлично помагало за да навлеземе и да ја проучиме смислата на Светата Литургија, да навлеземе во неа подлабоко и лично да ја доживееме. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на свештеник Јани Мулев.