Бог ја бара целта на сите дела што ги правиме: дали ги правиме заради Него, или од некаква друга причина.
Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно, колку повеќе се очистени.
На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен вистинско допирање до Христос е повеќечасовното молитвено пребивање на умот во срцето и љубовта и кон непријателите, како и пастирскиот подвиг и жртва.
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу јасна: обожението на човековата природа во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, е основа на обожението на секој човек кој тоа го сака, во Црквата како Тело Негово – со учество во нејзините свети Тајни и Добродетели.
На кој начин ќе Му се дадеме на Христос, Кој Самиот се предаде за нас? Најпрво, ако во себе ја втемелиме љубовта кон Него и љубовта едни кон други, ако заради Него, пред самите себе и пред другите се смириме под силната Божја рака, „не мислејќи гордо, туку смирено однесувајќи се“ (Рим. 12, 16). Ако, колку што е можно, го распнеме телото „со страстите и желбите“ (Гал. 5,
Многу ми е драго што за првпат излегува превод на моја книга кај вас, затоа што јас многу ја сакам Македонија и имам многу пријатели таму. Секогаш кога сум доаѓал ми било пријатно и охрабрувачки – атмосферата во Скопје, средбите со пријателите, дури и обичните прошетки по улиците на вашиот главен град. Голем придонес за моите врски со Македонија и за мојот пријателски однос кон сè што е македонско има Нове Цветаноски.
28 ноември 2021 лето Господово Гевгелија
Со благослов на Митрополит Повардарски г. Агатангел, торжествена Литија со чудотворната икона на Пресвета Богородица – Согленска оваа година по прв пат ја благослови Гевгелија. (Фотогалерија)
Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу поважни свињите (т.е. имотот), поради страстите среброљубие и сластољубие, отколку Христос; овие страсти се оние што се нарекуваат погруби и преку кои демонот најнапред напаѓа.
По промислата Божја, Христа ради јуродивата Агапија, дошла во Киево – Печерската лавра, каде што проживеала до самото нејзино затворање. Архимандритот Кронид за време на потстригот во монаштво ú дал на Агапија ново име – Алипија, благословувајќи ја на подвигот на столпништво. Три години подвижницата поминала во шуплината на едно старо дрво.
Да бидеме искрени - современиот свет го поставува човекот на пиедестал. Го опсипува со внимание,грижливо му се наметнува, говори за него со пофални слова. Уште повеќе,го поставува во центарот на сè. Постојано ги промовира неговите интереси, ги благословува неговите сомнителни достигнувања и што е најважно - споредува сè со неговата „исклучителна“ вредност.
Како што посочија од издавачката куќа, освен што дава преглед на ремек-делата на една од најзначајните архиепископии на православниот свет, книгата претставува и значаен придонес за црковната историја на уметноста во државава. Книгата содржи и шеесетина фотографии и скратена верзија на текстот на англиски јазик.
Кога сатаната, Луцифер, отпаднал од Бога и со себе ги повлекол во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил станал и возвикнал пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“
— Преку дваесет и пет години мојата професионална активност е поврзана со објавување печатени дела. Сум работела како лектор и уредник во издавачки куќи, весници, списанија. Изминатите петнаесет години бев ангажирана во издавањето на духовна литература. Кога издавачката куќа „Апостол на верата“ ме повика да го уредам објавувањето на книгата од Малхаз Џинорија за светиот исповедник Гаврил Ургебадзе, јуродивиот...
- Господи, зборувај со мене!
И громови и молњи се растрчале по небото.
Но човекот не слушал. Човекот се разгледал на околу и рекол:
- Господи, дозволи ми да Те видам.
Срцето има бескрајни желби бидејќи е и создадено за тоа да расцвета бескрајно.
А срцето на неверникот не исполнето со вечноста, вечно воздивнува, трага и жеднее, но никако не може да се исполни, бидејќи световните задоволства се слаби да ја исполнат срцевата празнина.
Бог посакува сите да се спасат, но овој дар на спасение мора да биде прифатен од верникот, зашто Бог нема принудно да наметнува спасение на човештвото. Додека од една страна имаме слобода да го одбиеме дарот на спасението, од друга страна страдањето ни помага да се потсетиме дека се во овој свет е минливо и дека ни е потребен Бог.