Елате, благословени од Мојот Отец... (06.03.2016)
„Минатата недела, мили мои, Црквата, преку параболата за Блудниот син, ни напомна за огромното Божјо милосрдие, за Божјата неизмерна и безусловна љубов и простување. Денес, пак, ни се даде можност, повторно преку зборовите на Самиот наш Спасител, Господ Исус Христос, да погледнеме низ завесата на времето, во таинственото предвестување за крајот на светот, за Христовото страшно и славно доаѓање, како и за Судот кој ќе се случи...