Корените на оваа загриженост се кријат во хуманистичката традиција на ренесансата; во борбата за самоопределување, независност и еднаквост, кои се одвивале и продолжуваат да се одвиваат во многу делови на светот: во филозофските идеи на мислители како Лок, Французинот Жан Жак Русо, Американецот Томас Џеферсон, Германецот Карл Маркс и Русинот Ленин; како и во содејството на
Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може да се смени, но не и подвигот на послушание. Без послушание нема премин од противприроден во природен начин на живот, од умно-усното пелтечење во умно-срдечна молитва.
Адам бил создаден чист за да Му служи на Бога, а сите созданија биле дадени за нему да му служат, зашто бил поставен за господар и за цар над сѐ што создал Господ. Но штом се доближил до него лукавиот демон и поразговарал со него (Адам во почетокот го примил само со својот надворешен слух), тој веднаш навлегол и во неговото срце и го опфатил целото негово битие.
Свети Јован Лествичник ги собрал еднаш пустинските старци, за да му кажат што значи смирението. Тогаш секој зел збор и со скромност и длабочина го изложил својот животен опит. Еден рекол дека смирение е да ги заборавиш своите добри дела, да не ги паметиш и да не бидеш горд. Друг рекол дека смирение е човек да се смета себеси за последен и најгрешен од сите. Трет рекол дека
Секое последователно разгледување на „човековите права“ неизоставно вклучува и посеопфатно сфаќање за тоа што претставува човекот. Прашањето што претставува човечкото битие зазема централно место во религиските истражувања, особено во христијанската мисла. Јасно е дека религиозната свест и верата играат важна улога, како директна така и посредна, во формирањето на погледот кон човековите права и во спремноста на луѓето да ги прифатат тие ставови.
Според кажувањето на ктиторот на молдавскиот скит отец Нифонт, овој слуга Божји живеел во пештера недалеку од пештерата на преподобниот Петар Атонски. Колку години поминал таму и како било неговото име сѐ уште не е познато.
Неговиот живот истекувал во совршено сиромаштво; тој немал ништо ни на себе, ни во
Чедата на овој свет може да се споредат со пченицата, која истурена во решетото се просејува помеѓу светските непостојани помисли. Тие се налик на непрестајното бранување на земните нешта и желби, и на многу испреплетени овосветски поими.
“Кој ќе се обиде да се соочи со злото надвор од себе без претходно да го победи злиот внатре во себе – или пред да Го всели Добриот во себе, таквиот неминовно против злото од надвор ќе се бори со злото што ќе излегува од него (зашто ниту може ниту знае на друг начин) и, според светите Отци, ќе стане слуга на злиот.“
Продавачот чесно ја заработуваше својата корка леб. Ем тоа, ем спомени градеше во
сеќавањата на минувачите, за кога ќе намирисаат печени костени да се навратат на младоста и седло од носталгија да изградат. Пукоткаа на жарот и апетит отвараа.
Во оваа книшка посветена на преподобниот, содржано е неговото житие, акатистот на македонски јазик со паралелен превод на црковнословенски јазик, како и тропар, кондак и величание мелографирани по традицијата на источното пеење и со паралелен превод на западна нотација. Оваа книшка е збогатена и со стихови посветени на преподобниот Јоаким од едициите Манастирски води на сестринството на Слепченскиот Манастир Свети Јован Претеча.
Кoга мајката ќe ја пoвeдат на смрт, таа пoвeќe сe грижи за дeцата кoи ги oстава зад сeбe oткoлку за сeбe. Таква e врската на гoлeмата љубoв. Гoспoд Христoс имал уштe пoгoлeма љубoв кoн Свoитe учeници, oткoлку мајката кoн свoитe дeца. Тргнувајќи на смрт, Гoспoд Му сe мoли на Свoјoт нeбeсeн Oтeц за Свoитe учeници. Oн нe сe мoли затoа штo нe би мoжeл сè да направи за нив,
Верата го надминува и предводи знаењето. Но таа е неразделна од знаењето. Верата и знаењето – практиката и теоријата сопостојат во животот на историското црковно предание. Кога велиме знаење, го подразбираме знаењето како опис на благодатната теологија и историското предание на црковната заедница. А не рационализација на верата. Оваа суштинска разлика бара исклучително внимание бидејќи овде настанува забуната.
Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.
Прашање е дали воопшто и можеме да го исполниме тоа што ни е заповедано дури и ако се
Тогаш ја имате среќата, го имате Христос, рајот. Тогаш дури и телото функционира чудесно, без аномалии. Божјата благодат го променува човекот, го преобразува телесно и душевно. Тогаш сите болести исчезнуваат.
Нема колитис, ниту тироидна жлезда, ниту стомак, ниту ништо. Сè функционира нормално.