д-р Ѓоко Ѓорѓевски: „Секој момент од нашиот живот го минуваме во сознанието за постојаното присуство на Господа“
Но, дали светиите и светите се само отаде фреските? Дали светоста се чува неповредена така заградена само во храмовните ѕидини? Дали само житијните слова се единствените кои говорат за од Бога даруваната светост постигната со исклучителни подвизи или маченички сведоштва? Тие секако дека ја крепат душата и ја засилуваат верата, но што кога ќе го согледаме и споредиме нивното житие и нашиот живот и животот на оние кои живеат со нас?