Св. Антониј Велики: И сѐ што имаме тоа е ништо спрема вечниот живот
Сите треба да се грижиме, откако веќе сме почнале, да не ги намалуваме нашите трудови, да не се очајуваме и да не велиме: “Веќе долго време се трудиме во нашиот подвиг”. Многу е подобро, да ја зголемуваме нашата ревност, како да започнуваме секој ден одново. Целиот човечки живот е многу краток во споредба со идните векови.