Пронајдено историско писмо на славниот бигорски игумен, Архимандрит Арсениј
Деновиве, по Божја промисла, уште еден сноп светлина заблеска врз „благиот и благодатен монашки лик на славниот Бигорски игумен – ктитор, архимандрит Арсениј“. Имено, големиот пријател и соработник на нашата Свештена Обител, г. Филип Филипов од Софија, по потекло од Река македонска, историчар по професија, во Софиската народна библиотека изнајде еден за нас особено драгоцен документ – писмо на игуменот Арсениј до проигуменот на Зографската Света Обител на Света Гора, јеромонахот Иларион.