СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА И СИНАКСИС ВО МАНАСТИРОТ СВ. БОГОРОДИЦА ВО БЕРОВО
Од оваа евангелска случка и за нас се поставува прашањето: што барам јас во Црква?
Не можам да доаѓам во Црква со моите проекции за мојот живот. Дали доаѓам со предрасуди што е најдобро за мене и за моите ближни? Дали верувам во тоа дека Господ Исус Христос подобро знае што е подобро за нас? Затоа, во Христовата црква да барам согледување на мојата вистинска состојба и одтука да почнам да го градам мојот однос со Бога.