логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Архимандрит Јоаким Специерис од Нов Скит

Раскази од животот

Кога се родил о. Јоаким, неговиот дедо, мирски свештеник о. Јанис, прорекол дека детето ќе го носи неговото име, и дека исто така ќе биде свештеник. Дедото поседувал дар на прозорливост го предвидел и часот на својата смрт. По завршувањето на Светата Литургија се приближил на царските двери и им рекол на присутните: „Ова е мојата последна Света Литургија“.
Отишол кај својата ќерка, која била омажена, а кога таа го послужила со кафе ѝ рекол: „Ова е последното кафе во мојот живот“. Отец Јоаким (Јанис Специерис) родум е од Кефалонија. Татко му бил земјоделец, многу побожен човек. Додека работел, пеел црковни песни. Посебно ги сакал оние посветени на Чесниот Крст: „Крстот е чувар на целиот свет... и рана на демоните“. Една ноќ некој човек на кој била фрлена анатема се налутил на овој богољубив и го удрил силно по ногата. Иако не се разболел, барал да види свештеник, а кога се исповедал му рекол: „На тој и тој ден отче дојди да ме причестиш, затоа што ќе умрам“. Имал претскажување на смртта три дена пред да се упокои. Отец Јоаким тогаш бил далеку од куќата и сите роднини биле за тоа, да му биде јавено дека татко му е на постела. Меѓутоа, неговиот татко им рекол: „Немојте да го викате. Нема да стигне на време“.


Кога о. Јоаким имал 18 години, тргнал на Света Гора. Пешачел од Солун за да стигне на Атос, Во градината на Пресвета Богородица. Не сакал да остане во манастирот Ватопед, иако манстирските браќа го задржувале. Тој не сакал, поради скандалот кој во тоа време се случил во манастирот.
Од Ватопед, о. Јоаким отишол во Нов Скит, поточно во ќелијата на Светите бесребреници Козма и Дамјан, која била една од најстарите во скитот (скитот бил посветен на раѓањето на Пресвета Богородица).
Можеби ги познавал тамошните старци, отец Христофор и отец Синесиј. Отец Христофор претходно живеел во манастирот Кутлимуш и бил многу строг. Го испраќал отец Јоаким по цел ден да помага во изградбата на водоводот. Ноќе кога отец Јоаким го читал минејот (богослужбена книга со песни за секој ден во месецот) или Псалтирот, заспивал од умор. Тогаш старецот ќе ја земел книгата, и со неа нежно ќе го удрел по грбот изговарајќи: „Умри и ќе отидеш во рајот“.
Во младоста отец Јоаким боледувал од туберкулоза, која тогаш била тешко излечива. Една сабота, старците отишле на гробовите и го оставиле сам во ќелијата. Отец Јоаким ја преколнувал Пресветата Богородица да посредува, да измоли да го напушти овој живот, за повеќе да не ги мачи своите старешини. Тогаш му се јавила Пресвета Богородица. Од половината надолу била во пламен. Му кажала: Кој во мене се надева, нема да стравува ниту во овој, ниту во идниот живот“.
Еднаш отец Јоаким и неговиот ученик отец Теофилактос отишле во манастирот Свети Павле (главниот скитски манастир) на празникот Сретение Господово, т.е. на манастирската слава. Во тоа време, светиот митрополит Милотополски Јеротеос престојувал на Света Гора. Во текот на Светата Литургија, во моментот на осветувањето на Чесните Дарови, отец Јоаким видел светлина како слегува од куполата и ги прекрива Светите Дарови. Му наложил на својот ученик на никој да не кажува за тоа сѐ додека е жив.
Отец Јоаким бил во добри односи со митрополитот волоски Герман: често одел во неговата епархија, каде што проповедл и го исповедал верниот народ. Една благочестива жена, која поради нејзиното милосрдие светиот подвижник ја нарекувал Тавита, или мајка на сиромашните, (подоцна оваа жена станала монахиња Марта, која помогнала во пишувањето на биографијата на отец Никола Планас) му рекла на отец Теофилактос, ученикот на отец Јоаким: „Еднаш старецот служеше Литургија во храмот на Свети Николај во Волос и се погоди јас да бидам присутна таму. За време на големиот вход, видов дека неговите стапала не го допираа подот“.
Кога неговиот ученик не се причестувал, не му дозволувал да ги прочита благодарствените молитви. Ќе му речел: „Јас се причестив, значи јас треба да ги прочитам благодарствените молитви“. Еднаш, по завршувањето на Светата Литургија, се спремал да излезе од олтарот и бил целиот во солзи. Ученикот му пришол не сфаќајќи за што се работи, и запрашал: „Старче, зошто плачете? Да не сум ве растажил со нешто во незнаење?“
„Не, сине“ – одговорил тој. „Само се сетив на нашата Пресвета Богородица“. Можеби видел нешто, а не сакал да зборува за тоа.
По службата, вообичаено, тие понизно го читале Молебниот канон кон Пресвета Богородица, а кога старецот ќе ја прочитал разрешителната молитва, ќе му речел на својот ученик: „Ајде отче Теофилакте, направи една шолја кафе со благослов на нашата Богородица“. Цел ден можеше да живее со малку леб и пиејќи по малку кафе. Имаше големо воздржание. Вода пиеше само на масата.
Некои би го запрашале: „Старче дали постите и се воздржувате од вода?“ Му забранил на својот ученик да пие вода по повечерието. Му велел: „Биди стрплив и ќе ја примиш својата награда. Како отците успевале?“
Секогаш ги читаше службите во црква. Дури и во зима, без запалена печка. „Имаше моменти“ Раскажуваше отец Теофилактос, „кога нозете ни измрнуваа од студ, а старецот нѐ тешеше со зборовите: ,Сине светите отци се молеле на столбови, а ние сакаме топла соба? Имаме ние да купиме дрва, но напорот е добар за телото‘“.
Бил многу строг по прашањето на своите духовни должности. Посебно водел грижа за јасното читање и хармоничното пеење. Полека пеел и полека читал, со умиление: Еднаш во главната скитска црква, некој монах читал брзо, а старецот го запрашал: „Зошто читаш толку брзо? Треба да се молиш“.
Му кажал на својот ученик: „Немој да читаш брзо затоа што ќе го упропастиш својот јазик и ќе се навикнеш секогаш да бидеш во брзање“.
Во една скитска ќелија живеел еден монах, кој измамен од лукавиот, му завидувал на отец Јоаким. Секогаш кога отец Јоаким ја напуштал својата ќелија, штом монахот ќе го видел оддалеку, би почнал да вика по него: „Ти си во прелест, ти си проклетник, еретик...“.
Отец Јоаким никогаш не одговарал на нападите. Еден монах отишол кај старецот и му рекол дека тој монах секогаш го клевети, а отец Јоаким недвосмислено одговорил: „Нема да ти дозволам така да зборуваш за мојот добротвор“. И му ја покажал вратата. Овој монах веднаш отишол кај другиот монах и му кажал што му се случило. Тој си дошол при себе, се покајал, отишол пред отец Јоаким, направил голема метанија пред него и го замолил за прошка. Оттогаш редовно одел кај старецот. Така, со своето големо трпение му помагал на братот да се ослободи од страстите.
Еднаш на празник, управителот на скитот му рекол да ги соблече одеждите, бидејќи нема да служи Света Литургија со останатите. Отец Јоаким воопшто не се вознемирил; сторил онака како што му било речено, седел на еден стол и мирно ја следел Светата Литургија. Потоа отишол на трпеза, се послужил со храната која била припремена од управителот, како ништо да не се случило. Толку голема била неговата трпеливост и смирение.
Отец Јоаким на Халкиди служел како проповедник. Една жена од тоа место му раскажала на неговиот ученик: „Кога мојот син полагаше испити за запишување на Воената Академија, отидов кај отец Јоаким со молба, да се помоли мојот син да го положи приемниот. Отецот ми одговори: Во овој момент, сега, вашиот син веќе положи. И навистина беше така“.
Беше свештеник во Коринт 8 години. Две девојки кои отец Јоаким ги исповедувал, една вечер отишле да го видат и тој им раскажал многу корисни нешта за нивните души. Веќе било доцна и отец Јоаким ја запалил ламбата. Не било светло. Додека разговарале, сестрите виделе гулаби на рамењата на отец Јоаким. Ова му го потврдила едната од девојките на отец Теофилактос, која тоа и го видела.
Кога се пеело „Достојно ест“ тој не ги кадел иконите, како што е правилно, туку ја оставал кадилницата пред иконата на Пресвета Богородица. Кога се пееле пофалните песни кон Пресвета Богородица, тој ни тогаш не ги кадел иконите.
Една студентка се обидела да се омажи за студент кој имал желба да стапи во монаштво. Отец Јоаким го советувал да биде внимателен. Девојката дознала за тоа и отишла кај старецот да го критикува заради тоа. Во еден момент била многу лута и му рекла: „Дури иако вам ви смета мојата намера, јас ќе се омажам за него“. Набрзо по ова, девојката сериозно се разболела; била речиси на умирање. Откако нејзината мајка ја дознала причината, побрзала да го пронајде отец Јоаким и го довела дома. Старецот бил радосен да ја види, да ѝ прости, да ѝ прочита молитви; и таа после тоа потполно се опоравила.
Еднаш, отец Јоаким служел Света Литургија во храмот на Светите бестелесни Сили, во манастирот Петраки. Во текот на Литургијата, ѓаконот кој не учествувал во проскомидијата и бил надвор од олтарот, влегол внатре и почнал жестоко да го критикува отец Јоаким. Старецот одговорил мирно: „Ѓаконе, сине мој, мене ми изгледа дека не си баш стабилен со нозете“. Ѓаконот се свртел да излезе од олтарот, но паднал и ја скршил ногата. Кога Светата Литургија завршила, отец Јоаким отишол да види што му се случило. Ѓаконот го прашал: „Старче, дали ме проколнавте?“ Отец Јоаким му одговорил: „Не сине, но, како смееше така да се однесуваш во олтарот за време на Светата Литургија, во време кога и самите ангели треперат?“ Без оглед на лошите нешта кои луѓето му ги правеле, тој никогаш не возвраќал на лош начин. Секогаш имал на ум: „Благословувајте ги, но не и да ги колнете“ (Рим. 12,14). Кога некој би го растажил, прво за тој човек би се сетил за време на припремните молитви пред Светата Литургија.
Еднаш некој монах го критикувал старец Јоаким без никаква причина. И додека човекот се однесувал толку грубо кон него, старецот воопшто не одговарал на неговите напади. Кога монахот си отишол, отец Јоаким го запрашал отец Теофилактос: „Сине што направив за така да зборува со мене?“ Кога тој монах се враќал накај својата ќелија, паднал преку скалите и си ја повредил ногата. Кога се опоравил тргнал кон манастирот Свети Павле. На патот до манастирот, наишол на маска која никогаш никого не удрила. Напротив, била многу питома. Монахот ѝ пришол без да претчувствува ништо. Таа толку силно го удрила по истата нога која ја повредил по скалите.
Старецот еднаш тргнал некаде со брод. И додека се качувал на бродот, еден патник почнал да се потсмева: „Имаме свештеник со нас, денес работите нема да врват како што треба“. Отец Јоаким му одговорил: „Сѐ и сите ќе бидат во ред, освен тебе“. Набрзо човекот почувствувал вртоглавица и се онесвестил. Луѓето го подигнале, а кога се опоравил отишол кај старецот, направил пред него метанија, и го замолил за прошка.
Една жена од Атина го прашала старецот дали може да се помоли за неа, бидејќи немала пород. „Ќе отидам на Света Гора, ќе се молам и ќе ви напишам писмо“. Три недели тој се молел интензивно (кога луѓето би го прашале за нешто, обично добивале одговор за толку време), а потоа во писмото ѝ напишал на оваа жена: „Нема да имаш дете, бидејќи нема да го воспитуваш на христијански начин, и неговата душа би била осудена. Затоа Господ не ти дава пород. Тоа е она што ми е откриено преку молитва“.
Еднаш се случило старецот да тргне некаде со брод, а капетанот ја напуштил својата положба заради некоја распуштена жена. Старецот бил страшно вознемирен и загрижен поради тоа. Наскоро се слушнало страшен тресок: моторот експлодирал. На почетокот мислеле дека бродот удрил во карпа. Но, успеале да допловат и да се усидрат во Стајлида, каде што понатамошното патување било откажано.
Отец Јоаким често служел Литургија во Амелија, во Атина, каде што кнегињата Олга одела во црква. Тој ја познавал кнегињата и често го посетувал нејзиниот дворец. Кнегињата посакувала отец Јоаким да стане епископ и да го испрати за Русија. Додека престојувал во Атина, една жена која не можела да има пород, по последното пометнување станала очајна, дури и на докторите. Слушнала за старецот и тргнала да го пронајде. Паднала пред неговите нозе преколнувајќи го да се моли за неа. Старецот отишол до храмот на Светите Бесребреници, ги изнел моштите на Светите Козма и Дамјан, и рекол: „Држи ги во себе“. Потоа ѝ прочитал различни молитви и ѝ рекол: Не грижи се, ќе имаш дете“. И навистина, жената родила. Била пресреќна и побарала фотографија од старецот, како би ја чувала дома, како благослов и заштита.
Еднаш, старецот пловел со брод во Пиреа кога задувал страшен ветер, кој дури го уплашил и капетанот. Патниците плачеле, посебно жените и децата. Завладеала паника. Старецот се спуштил во трупот на бродот, пронашол агол и легнал. Кога тоа го направил, видел гулаб како лета над неговата глава говорејќи: „Одете на спиење, а јас ќе продолжам да внимавам и ќе ве заштитам. Оди и речи ѝ на посадата дека сите безбедно ќе стигнат во Пиреа, и никој нема да биде повреден“. Старецот се качил на палубата и ги охрабрил патниците. И навистина сите стигнале во пристаништето живи и здрави.
Еднаш, во текот на Великиот пост, старецот сакал да го напушти скитот за да ги исповеда своите духовни чеда надвор од Света Гора. Во тоа време патувањето било тешко да се планира, поради отежнатиот транспорт. Го испратил својот ученик во ближниот скит Света Ана, да каже на капетанот, да застане на патот за Дафне на пристаништето на Нов Скит и да го прими старецот на бродот. Но капетанот не сакал и се упатил кон пристаништето Дафне без старецот. Старецот се свртел кон ученикот и рекол „Јас ќе отпатувам денес. Ја прашав Пресвета Богородица и таа така ми рече“. Отец Теофилактос си помислил во себе „Што зборуваш старче, како ќе тргнеш кога немаш превоз? Како ќе отпатуваш?“ Наскоро на пристаништето Нов Скит пристапил брод од Скопелос кој носел масло и вино. Капетанот бил познаник на старецот. Секогаш кога ќе дојдел во Нов Скит, би го посетил старецот, за од него да земе благослов. Исто се случило и овој пат. Тој се искачил до скитот со другите и старецот ги послужил вообичаено со кафе, ракија и локум. И отпловил со нив истиот ден.
Кога отец Јоаким би сакал нешто да направи, прво би ја прашал Пресветата Мајка Божја, и светите бесребреници Козма и Дамјан. Тој ништо не правел без нивниот благослов. Еднаш отец Хризостом (монах од Новиот Скит, кој се упокоил 1975 година), отишол кај отец Јоаким и го прашал дали може заедно да служат Света Литургија, во неговата капела. „Отче Хризостоме,“ - рекол тој - „ќе ги прашам светите бесребреници, и ако тие ми дозволат, ќе дојдам“. Така отишол пред иконата на светителите и усрдно се помолил. Тогаш се свртел кон отец Хризостом и му рекол:„ Ќе дојдам, светителите ми дадоа благослов“.
Еднаш отишол во една скитска капела да отслужи Света Литургија. Кога завршиле, му рекол на својот ученик: „Повеќе овде нема да доаѓам да служам. Видов лош знак“. Не рекол што видел. Старецот на таа ќелија, (било тоа во времето на промената на календарот), секогаш ги осудувал свештениците и епископите.
Друг старец дошол кај старец Јоаким и бил многу остар во својата критика поради промената на календарот. Всушност се изразил многу грубо. Отец Јоаким му одговорил неколку пати, но еден ден му рекол на својот ученик: „Те молам покажи му на старецот каде е вратата“. Оттогаш човекот веќе никогаш не се вратил во старчевата ќелија. Во таквите случаи, старецот се водел по зборовите на Евангелието: Оној што тајно го клевети ближниот свој, го изгонувам (Пс.100,5).
Отец Јоаким не бил многу говорлив. И никогаш никого не осудувал. Поминувал време во богослуженија, учење, молитва и пишување. Не влегувал во туѓи ќелии, освен во ретки прилики. Бил многу сериозен. Еднаш, еден монах дошол во ќелијата на старецот, и во шега неговиот ученик проговорил: „Авва“. Кога ова се случило неколку пати, тој им рекол: Двајцата побарајте си прошка еден од друг и не дозволувајте тоа да се повтори, или вам ви следува епитимија.
“Монасите не треба да се шегуваат“. Имал обичај да каже: „Монахот кој не е смирен, нема да го види лицето Божјо“.
Се среќавал со тешки ситуации како исповедник. Бил многу строг и ги почитувал каноните. Еднаш еден монах од идиоритмички манастир му дошол на исповед. Пред исповедта, тој го прашал: „Имате ли голобрад младич во манастирот? Дали јадеш месо?“ Кога монахот му одговорил потврдно, тој му рекол: „На твојот пат јас не сакам да те водам понатаму. Тие две нешта се доволни да те испратат во пеколот“.
Во Нов Скит немало бденија во главната црква на 28 август, зашто во капелата на Успение на Пресвета Богородица се служело вечерна. Во тоа време имало од 80 до 100 отци во скитот, доволно за две бденија. Додека отец Јоаким спиел, му се јавил ангел Господов и му ги покажал сите скитови и манастири на Света Гора. Му рекол: „Гледаш ли? Овде држат бдение во чест на Пресветата Мајка Божја, и овде служат, исто така. Зошто не и вие?“ Потоа му ги покажал монасите од Нов Скит како сечат дрва и ги носат некаде. И додал: „Овие можат да работат, но не можат да одат на бдение?“ Следната година, тој на свој трошок отслужил бдение во главната црква и имало две бденија на 28 Август во Нов Скит.
За време на еден престој во Атина, успешно разрешил една комплицирана ситуација. Една млада девојка, ќерка на секретарот на амбасадата, имала противзаконска врска со еден трговец и одлучила да изврши самоубиство. Мислела да се фрли во бунар, кој бил во дворот, но се двоумела. На крај, решила да оди во Фалиро и да се удави. На патот се сетила за отец Јоаким и одлучила првин да отиде и да го види, а потоа планот да го спроведе на дело. Затоа таа отишла и по Божја промисла му ја кажала на отец Јоаким својата намера. Отец Јоаким ѝ рекол: „Седи овде сега ќе се вратам“. Брзо отишол во црквата на Светите бесребренци Козма и Дамјан и ревносно се помолил за душата која била во опасност. Тоаш отишол кај девојката и ѝ рекол: Ќе направиш така како што ќе ти кажам“. „Отче одам да се удавам, нема вас да ве послушам“. Старецот ја посоветувал: „Оди кај неговата мајка и кажи дека од денес си нејзина ќерка“. Потоа таа отишла и направила како што ѝ рекол отец Јоаким.
Мајката на младиот трговец била изненадена: „Јас не сум достојна да имам таква ќерка“. (девојката била образована и знаела неколку јазици). Старчевите молитви го спуштиле рајот на земјата, и со нив девојката ги надминала сите препреки и искушенија. Младичот дошол во куќата во вечерните часови и одлучиле да се венчаат.
Некоку години покасно, отец Јоаким шетал низ Атина. Така, слушнал како некој го повикува. Се свртел и видел жена која му се приближувала говорејќи: „Дали ме препознавате, јас сум таа која сакаше да се удави, а вие ме спасивте. Ова е мојот сопруг, а ова е моето дете“. Старчевата молитва била толку силна па можела да подигне и човек од мртвите, кога е во прашање психата.
Во Ламија бил некој црковен надзорник, кој не го поднесувал отец Јоаким. Во очи на некој празник во неделата му рекол: „Нема да ти дозволам утре да проповедаш. Кога ќе ја почнеш својата проповед, ќе испратам тас наоколу“ (со цел да се одвлече вниманието на верниците). И навистина, кога отец Јоаким ја започнал својата проповед, надзорникот зел тас и тргнал низ храмот, мислејки дека така ќе ја прекине проповедта. Тогаш отец Јоаким рекол: „Нека неверниците ја напуштат црквата“. Нема да се поместам до вечер и непрестајно ќе говорам неверниците да ја напуштат црквата“. Бидејки старецот ги повторил овие зборови неколку пати, надзорникот не можел да издржи повеќе, го зел тасот и го вратил на местото. Тогаш старецот ја продолжил својата беседа.
Еднаш некој монах отишол кај него на исповед, а тој имал пари во банка. Стрецот го укорил: Ти си монах и имаш пари во банка? Во принцип никогаш не би дозволил на лугето да купуваат лото тикети или на тоа слично.
Тогашниот епископ гитејски и ојтилски испратил писмо до светиот Синод, барајќи поедини делови од Светата Литургија да се скратат. Кога старецот слушнал за тоа, му испратил писмо во кое го искритикувал. Помеѓу останатото му рекол: „Што мислиш, кој си ти?
Литургијата ја напишале Светители и столбови на црквата, па кој си ти да ја менуваш Светата Литургија“? Подоцна владиката се сретнал со старецот и го прашал: “Старче, ти ли ме укори поради писмата во кои му предложив на светиот Синод да ја скрати Светата Литургија?“ „Јас сум“ - одговрил старецот искрено без страв. Епископот му дал неколку образложенија, кои по негово мислење одат во полза на скратувањето на Светата Литургија – фактот дека верниците стануваат уморни, за проповедниците на Евангелието да имаат повеќе време на располагање... А отец Јоаким одговорил: „Ако луѓето се уморуваат на Светата Литургија, подобро би било да не доаѓаат во црква, отколку поради нив да се скратува Светата Литургија.
Кога му се приближил крајот, му рекол на својот ученик: „Подобро да умрам сине, отколку да го гледам злото, кое ја снашло Црквата“.
Како ученик во Ризарио школата, отец Јоаким го имал свети Нектариј за директор. Кога Светителот подигал манастир во Егина, отец Јоаким често одел да го посети. Дури и по смртта на светителот, одел на неговиот гроб и се молел таму со бројаница. Го чувствувал миоирисот кој доаѓал од гробот.
Еднаш, отец Јоаким се качил на брод во Пиреа, за да отиде на светителовиот гроб, и да му ја оддаде својата почит и молитва, како што било обичај. Од некоја причина нему непозната, капетанот мислел дека е владика, па подигнал знаме. Кога бродот се приближил до Егина, се чула сирената од бродот. Свештениците и мирјаните се собрале на пристаништето да го дочекаат владиката. Но владика не дошол и свештениците не можеле да сфатат зошто капетанот така направил. Отец Јоаким им рекол: „Немојте да се вознемирувате. Тоа се случи бидејќи ова е последен пат да доаѓам да ја оддадам мојата почит кон светителот. Свети Нектариј сакал да ми се заблагодари на овој начин“. И тоа навистина било последниот пат отец Јоаким да го посети манастирот. После таа посета се разболел и никогаш повеќе не ја посетил Егина.
Во текот на Големиот пост 1943 год., отец Јоаким се разболел од срцева инсуфициенција. Му било многу тешко да се спушти до главната црква за време на Страсната седмица. Неговиот ученик му рекол да одмори во ќелијата. „Не“ - рекол тој - „и јас ќе дојдам.
Можеби нема да бидам жив следната година да ги прославам овие денови“. Летото било спарно. А неговите стапала отекувале. Сфатил дека е на патот за небесниот Ерусалим. Во сонот изговарал акатист.
Му рекол на својот ученик: „Јас умирам, а мојата душа изговара акатист“.
Вечерта пред неговата смрт, септември 1943, го видел свети Нектариј во сон; и повторно му рекол на ученикот дека се спрема за пат. Следниот ден се упокоил во Господа.

Братството на архимандритот Спиридон Ксеноу (Нов Скит/Неа Скити)

Превод: Ѓакон Никола Ѓорѓиевски

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7699
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная