Венко Андоновски: Вирусот е интелигентен, човекот бесчувствителен
Во поттекстот на сите тие поплаки за отсуство на свеста стои едно убедување дека мислењето е предуслов за свеста. Се смета дека свеста е логична последица на мислењето. Затоа и се верува дека со покачување на степенот на образованието (просветата) ќе се стекне таа толку посакувана човечка свест. За жал, работите, како и многупати досега, се поставени на глава наместо на нозе. Никакво образование, никаква просвета не гарантира свест.