В. Легоида: Празнувањето на Денот на словенската писменост и култура особено е важно денес, кога се случува девалвација на зборот
Во текот на прес-конференцијата, којашто се одржа во вторникот во информативниот центар ТАСС,посветена на празнувањето на Денот на словенската писменост и култура, претседателот на Синодалниот оддел за соработка со општеството и медиумите, Владимир Легоида, изјави дека торжествата во чест на тој празник се особено значајни денес, кога зборот ја губи својата вредност.