Обновена е веб-страната на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“. За најновите настани, активности, и трудови издадени од Богословскиот факултет, може да се информирате на pbf.edu.mk.Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје е основан во 1977 година, десет години од возобновувањето на Македонската православна црква (1967-1977).
Тој е всушност возобновител на Светиклиментовиот универзитет од пред 1122 години како негов директен наследник. Името на Факултетот беше дадено според патронот „Св. Климент Охридски“, аналогно на основоположникот на културно-просветниот центар во Охрид, наречен Светиклиментов Универзитет. Од причини што Факултетот тогаш не можеше да се вклопи во високото државно школство во Република Македонија, тој егзистираше со статус под други високообразовни установи.
Македонската православна црква со самото осамостојување го создаде прво средното училиште – Богословијата и имаше потреба од дипломирани теолози за идните архиереи, за професорите во Богословијата, за свештенството во градските средини, како и свештеници за новоформираните македонски црковни општини во дијаспората. Овие и други потреби на Црквата беа основната причина Синодот да донесе одлука за отворање на Православен богословски факултет во Скопје…. повеќе