Литургија на претходноосветени дарови (1)
Литургијата на претходноосветени дарови може да биде означена, без претерување, како срце и центар на богослужението во Великиот пост. Во некои древни богослужбени ракописи таа се нарекува „Литургија на Големата четириесетница“. Всушност, оваа богослужба најдобро го опишува ова свештено време во годината.
Суштината на оваа богослужба ни се открива во самото име: тоа е „Литургија на претходноосветени дарови“.