логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

6092117914ffdc05ecc5c2

Тешко да најдеме луѓе, кои би биле помалку слични еден на друг. Петар – женет (Евангелието ја спомнува неговата тешта, а во посланијата се спомнува и неговата жена – сопатничка), а Павле – девственик.

Петар го познавал Христа од првите денови на општественото служење на Спасителот, а Павле Го запознал, дури откако воскреснал Христос.

Понатаму. Петар – галилејски рибар, а Павле – ученик на великите книжници и по воспитание – фарисеј. Обајцата – евреи, сепак Павле го проповедал словото Божјо најмногу на јазичници, обновувајќи ги со Духот и од нив градејќи ја Црквата. Петар пак го проповедал Евангелието главно на обрезаните, то ест, на единоплемениците.

Петар е најстар од бројот на најблиските ученици, но Павле се потрудил повеќе од сите, иако вели: „Не јас, но благодатта Божја“. Тие и умреле различно.



На Павле, како римски граѓанин, му ја отсекле главата. Три пати удирајќи се од земјата, главата на Павле произвела три извори на земјата. Така и до денеска се нарекува местото на неговата смрт – „Три фонтани“. А Петар го распнале со главата надоло, казнувајќи ја претходно неговата жена. „Жено, помни го Господа!“ – ѝ викнал Петар, и издивнал на крстот, со нозете покажувајќи кон Црквата на небото, каде сите треба да се искачиме.

Таквите разлики на двајцата апостоли, чиј спомен го празнуваме заедно, што ни кажуваат? Имено за тоа, дека во Црквата сите се различни. И таа разлика – е вистински благослов, ако постои единство во верата и сојуз во љубовта. Луѓето треба да бидат различни, неслични, несмешливи едни со други. Ако кај диктаторите „не постојат незаменливи луѓе“, за Бога сите се уникатни и сите се незаменливи. Најважно е, да постои заедничката вера.

Така, Петар и Павле, откако различно се потрудиле во разни места на вселената, се сретнале на крајот на својот пат во Рим, каде во тие времиња воделе сите патишта. Таму тие го завршиле маченички својот труд и својот земен пат, потврдувајќи ја својата правда со бестрашна смрт. И сега тие навистина се заедно. Заедно – како наследници на Царството Божји и на венците на наградата; заедно – како учители на Црквата, возљубени од сите, кои го љубат Господ Исус.

Еден од најважните елементи во духовниот живот – е промената на името. Името – не е лепенка, не е звук, но самата суштина на човекот, пројавена словесно. Пред Авраам да стане Авраам, тој бил Аврам. Најпрвин наоѓајќи го, а потоа испитувајќи го, Бог му го менува името со додавање на уште една буква, што има многу значења, и само заради недостатокот на време и место нема да зборуваме за тоа подетално.

Така и Мојсеј, умирајќи на границата на Ветената Земја, ја предава власта и полномоштвото на својот соборник Осија. Тој е должен да го воведен народот во Земјата, но претходно Мојсеј му го менува името во – Исус.

Во Откровението, меѓу останатите ветувања, Христос вели дека „на оној што ќе победи, ќе му даде бел камен, и на каменот – неговото ново име“. То ест, спасените ќе бидат преименувани во Царството Божјо, исто како што христијаните го менуваат своето име при монашкиот постриг.

И апостолите кои ги празнуваме, Петар и Павле, не ги носеле отсекогаш тие – општествени – имиња. Петар бил Симон, а Павле – Савле. Христос ги преименувал Своите ученици, провидувајќи го нивното идно служење и знаејќи ги нивните внатрешни својства. Така и синовите Заведееви – Јаков и Јован – станале „синови на громот“. Симон пак, синот на Јона, добил име „камен“, то ест, Петар. Тој камен – е доброто исповедање на Исус како Син на Живиот Бог. На тоа исповедање до крајот на времињата стои и ќе стои Црквата.

Павле пак значи „малечок“ (од латинскиот „паулус“). Проповедајќи го Евангелието на јазичниците, Павле требало да носи такво име, за слухот на јазичниците да не би се навредил од непривичниот звук. Малечок се нарекол великиот Павле, затоа што се сметал за „недоносенче“. Се сметал за бесполезно суштество, затоа што имало време кога ја гонел Црквата Божја. Зарем не е навистина значително ова преименување? На што нè поучува?

Тоа ги соединува двети најнеопходни работи – тврдината на верата и личното смирение. Во името на Петар – е тврдоста на карпата, од која се разбиваат сите бранови. Во името на Павле – доброволното самопонижување, лекарство од гордоста, која се заканува со духовна смрт на секој човек.

Петар и Павле не залудно се спомнуваат заедно. Затоа што, не е само едната добродетел потребна на човекот, но двете. Цврстата вера, без смирение, е осудена на пропаст и разрушување. Смирението пак, без вера – е беполезно самојадство. Ете ни уште една лекција, од една ваква, навидум незабележлива тема, како апостолските имиња.

Да го продолжиме разговорот за Петар и Павле. Важните датуми имаат таканаречени празненство, и попразненство, то ест, дни кога се подготвуваме за празнувањето и се насладуваме со смислата на празникот кој врви. Така постапуваме и ние, кога зборуваме за врховните апостоли трипати – како до празникот, на празникот, и после него.

Секогаш, кога се причестуваме, ги повторуваме апостолските зборови. Да не заборавиме! Не можеме ни да се причестиме, ако претходно не си спомниме за Јуда предавникот и благоразумниот разбојник! „Ниту целив ќе Ти дадам, како Јуда, но како разбојникот Те исповедам: спомни ме, Господи, во Царството Твое“. Така се молиме пред Чашата. Очигледно, затоа што, секој грешник пред Бога – е разбојник, а најстрашното во верата – е изневерувањето, предавството. Подобро е да не Го познаваме Христа, отколку, запознавајќи Го, да Го промениме за било што.

И во истата молитва прозвучуваат зборовите на Петар и Павле. Што е најважното кажано од Петар? Исповедањето, произнесено во пределите на Кесарија Филипова, како одговор на прашањето: „За кого Ме сметаат луѓето? „Ти си Христос, Син на Живиот Бог“, – одговорил тој тогаш, по откровение на Отецот. Тие зборови и денес ги повторуваме пред да се причестиме: „Верувам, Господи, и исповедам, дека Ти си навистина Христос, Син на Живиот Бог“.

А што рекол Павле? Ах, многу. Но меѓу другото и ова: „Христос дошол во светот да ги спаси грешните, од кои првиот – сум јас“. И тие зборови ги повторуваме пред Чашата.

После Петровите зборови: „Ти си Христос, Син на Живиот Бог“ – ние додаваме: – „Кој дошол во светот да ги спаси грешните, од кои првиот сум јас“. Така, причестувајќи се, ние се молиме со зборовите на Петар и Павли, во кои – има чисто исповедање, од една страна, и смирено осознавање на своите гревови – од друга.

Малку претходно велевме, дека самите имиња на апостолите нè учат на цврста вера и покајание. Петар – е Камен, Павел – доброволно се смалува. Рековме, дека човекот не треба само да верува, но и да се смирува. И не само да се смирува, за да не се засркне од тага, а имено да се смирува и да верува.

Посебно, соединување на верата и смирението се бара пред Чашата. Тука, максимално се напрегнати внатрешните сили и умното внимание на срцето! Тука е вистинското приопштување кон силата на верата апостолска! Тука е вистинското сродство со Петар и Павле, Андреј и Јаков, со Тома и Матеј. Но, зошто со нив? Тука е соединувањето со Самото Воплотено Слово, Кое што и дава живот, и очистува од секој грев.

И така, ете ги трите лекции од двајцата апостоли:

1) единството на верата во жива разнообразност,

2) соединување на цврстата вера и вистинското смирение, и

3) приопштување кон апостолскиот дух во Светата Чаша. Сето тоа да се всели во нас, по молитвите на бившиот галилејски рибар и бившиот ученик на Гамалиил.

 

Протоереј Андреј Ткачев

Извор: http://www.pravoslavie.ru/put/54786.htm

 

 

 

 

Извор:ППЕ



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная