Старец Ефрем Филотејски: Сè извира од умно-срдечната молитва
Сè извира од умно-срдечната молитва. Напредувајќи во молитвата ќе го најдеме олеснувањето од страстите. Скриените помисли со време ќе исчезнат, нашето срце ќе стане незлобливо детско срце. На почеток, како што рековме, постои тешкотија додека водичката не потече во браздата. Како што, на пример, за придвижување на една рачна механичка справа е потребен напор.