ВТОРНИК ОД СВЕТЛА СЕДМИЦА во храмот на св.Петка, Скопје (10.04.2018)
Но Петар стана и отиде бргу до гробот, и кога се наведна, го виде внатре само покровот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало. Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии; и зборуваа помеѓу себе за сите овие настани. И кога разговараа и се запрашуваа еден со друг, Сам Исус се приближи и одеше со нив; но очите им се замрежија за да не Го познаат.