Слово на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан на промоцијата на книгата „Слова за Словото“ (24.12.2019)
Најтешко е човек да си биде судија сам на себе, но сепак ќе речам дека словата се пишувани на јазик и со стил разбирлив за присутните. Нека ми биде и како исповед - секогаш, насекаде и за сѐ, сум се трудел на секоја тема, за секој повод или настан да објаснувам или опишувам со кратки, приемливи и сфатливи зборови за секого. Тоа сум го имал предвид за секое слово, зашто никаде и никогаш не ќе најдеме слушатели од иста возраст или слично образование, ниту на исто ниво во познавањето на верата и учењето на Црквата.