Венко Андоновски: Празни(чни) луѓе и празни(чни) држави
Празниот човек ништо ДРУГО и РАЗЛИЧНО од него не го исполнува, зашто страда од нарцизам. Полн со себе, тој не може да им направи место на другите вредности што му поминуваат пред очи и затоа има чувство дека неправедно му бегаат, дека е лишен од богатството на животот. А секое чувство на лишеност од полнотијата на битието е острастеност. Таквата острастеност кај празниот човек најчесто се јавува како завист, злорадост, одмаздољубивост, претерано стомакоугодие и среброљубие.