Денес, на 05.02.2021 година, кога Црквата го прославува поменот на светиот свештеномаченик Климент Анкирски и на светиот маченик Агатангел, во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје беше отслужена Заупокоена архијерејска литургија со четириеседневен помен за блаженоупокоениот поранешен Митрополит Европски Горазд.
На Литургијата, во присуство на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г..г Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Европски Пимен. Присутен на литургијата беше и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Потоа беше отслужена Панихида во манастирот „Свети Илија“ во Чардак, местото на вечното почивалиште на блаженоупокоениот Митрополит Горазд.