По две децении поетесата Искра Донева влезе во Друштвото на писателите на Македонија
Во ДПМ влегувам по речиси 22 – 24 години, не сум точно сигурна, но се сеќавам дека за прв пат бев кога почнував да студирам Општа и компаративна книжевност. Да можам, не би пропуштила ниту еден настан тука. Толку многу ја сакам книжевноста, ги сакам луѓето коишто пишуваат. Но, стрмноста на скалите и приодот до влезот на објектот беше навистина голем проблем.