† БЛАГОВЕШТЕНИЕ, св. Софија, Охрид (07.04.2016)
Човекот е создаден како слободно и разумно битие. Затоа, Бог, и во овој момент бара одобрување од света Дева Марија. Бара израз на слободна волја за да може Словото Божјо да се всели во нејзината утроба. Поминале многу векови и народот го очекувал овој настан. Моментот кога човекот повторно ќе биде измирен со Бога. Моментот, кога на човечкиот род повторно ќе му се даде можност да се врати во првобитната блажена состојба.